Lada Vesta најпродаван седан од С-класа во Русија

Lada Vesta

Lada Vesta

Дмитриј Серебрјаков/ТАСС
Експертите на автомобилскиот пазар пресметаа дека од почетокот на 2017 година во Русија биле продадени 89 илјади возила од С-класа, од кои 33 илјади се „Лада Веста“.

LADA Vesta е прогласена за најпродаван модел од сегментот С-класа на рускиот пазар на автомобили за изминатите седум месеци од годинава. 33 илјади Руси го купиле токму овој автомобил во текот на наведениот период, соопштува аналитичката агенција „Автостат“.

Второто место на рејтингот го зазема чешката „Шкода Октавиа“. Овој модел од јанури до јули 2017 година бил продаден во седум илјади примероци.

Третото место му припаѓа на корејскиот автомобил KIA Cee’d со продадени седум илјади примероци, пренесува „Лајф.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња