Побарувачката на автомобилите од марката „Лада“ не престанува да расте

Lada XRAY

Lada XRAY

Lada.ru
Во земјите од Европската унија во септември се продадени 406 автомобили марка „Лада“, што за 23 отсто ги надминува минатогодишните показатели за тој месец.

Повикувајќи се на податоци од Европската асоцијација на производители на автомобили АСЕА аналитичарите на агенцијата „Автостат“ истакнуваат дека продажбата на рускиот бренд расте веќе четврти месец по ред. Во првите девет месеци од годинава на европскиот пазар се продадени 3,8 илјади автомобили марка Lada, што е речиси за третина повеќе од истиот период лани.

На пазарот на европските земји марката Lada е присутна со моделите Vesta, Kalina, Granta и 4x4.

Продажбата на овие автомобили во Русија пораснала за 17 отсто во однос на минатата година, што во бројки изнесува 221207 примероци.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња