Како што пишува порталот „Национален Интерес“, во април 2017 година се спроведени неколку тестирања на „Циркон”. Иако планираната максимална брзина од 8 маха беше очигледно претерана, Русија сепак ги произведува можеби најдобрите ракети на светот, пишува американски експерт.
Ракетата „Циркон”, на која се работи речиси 10 години, има радиус на дејство од 800-1000 километри (што е три пати повеќе од дострелот на американската ракета „Харпун”), а големата брзина и слабата забележливост на радарот силно го отежнуваат нејзиното пресретнување.
Руските медиуми ја опишуваат ракетата „Циркон” како несовладлива. Тоа е претерување, пишува американскиот портал, но комбинацијата од брзина и добри маневарски способности навистина претставува сериозна закана.
Аналитичарите кои ги консултираше новинарот на магазинот истакнуваат дека Русија ја развива ракетата „Циркон“ предвидувајќи можност за нејзино лансирање да го користи системот за вертикално лансирање кој постои на руските воени бродови.
„Лошата вест за американската Воена морнарица е во тоа што овој систем во руската Воена морнарица го имаат речиси сите бродови – од минијатурните корвети до тешките крстосувачи“, пишува порталот.
Магазинот заклучува дека во иднина повеќето руски воени бродови и подморници ќе ја добијат хиперсоничната ракета „Циркон”, што е „пример за новата руска стратегија за развој на модуларно и функционално компатибилно вооружување”.