Русија соопшти за првото тестирање на хиперсоничната ракета „Циркон“, чија појава ги прави американските противракетни системи застарени, пишува „Вашингтон Тајмс“.
Се претпоставува дека „Циркон“ ќе биде поставен на атомскиот крстосувач „Петар Велики“. Според информациите на аналитичарите, ракетата може да лета со брзина од 4600 милји на час, што е шест пати повеќе од брзината на звукот и ќе биде практично неранлива за противракетните системи. Според воениот аналитичар Владимир Тучков, се очекува „Циркон“ да стане дел од вооружувањето на руската армија во 2018-2020 година.
Русија и Кина бараа „асиметрично оружје“ кое е способно да ја задржи доминацијата над американските носачи на авиони и да ги заштити земјите од нуклеарен напад од страна на странска држава. Хиперсоничното оружје стана „квантен скок“ во тој правец, резимира „Вашингтон Тајмс“, пренесува RT.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче