Русија создава хиперсонична крстосувачка ракета, која може да го потопи со еден погодок најновиот носач на авиони на британската морнарица, соопштува „Дејли Меил“. Ракетата „Циркон“ забрзува до 7,4 илјади км/ч. Притоа современите средства за противракетна одбрана на британската флота се способни да соборат проектили кои се движат со брзина не поголема од 3,7 илјади км/ч, што значи дека, во суштина, се бескорисни против новото руско оружје, истакнува изданието.
Носачите на авиони на Велика Британија ќе мора да останат надвор од опсегот на овие проектили, продолжува „Дејли Меил“. Како резултат на тоа, авионите и хеликоптерите нема да имаат доволно гориво за да се стигнат до целта, да ја исполнат својата мисија и да се вратат на бродот. Тоа значи дека нема никаква смисла од борбени групи предводени од носач на авиони, забележува весникот.
„За површинските бродови одбраната од хиперсонични проектили претставува сериозен проблем“, истакнува воено-поморскиот експерт Пит Сандеман. Според него, има многу малку време за реакција што дури и ако целта биде откриена, современите средства за одбрана може да се покажат како несоодветни за нејзино уништување. Дури и ако успеат да ја уништат ракетата со помош на оружје за блиско дејство, фрагментите од ракетата ќе имаат таква кинетичка енергија, што бродот нема да успее да избегне сериозни оштетувања, објаснува експертот.
Тестирањата на новото оружје беа одржани на почетокот на оваа година, а веќе до 2018 крстосувачот на нуклеарен погон „Петар Велики“ може да биде опремен со нив, продолжува изданието. Ракетата може да биде лансирана како од бродови, така и од копно и од подморници. „Циркон“ успева да развие голема брзина поради хиперзвучниот набојно-млазен мотор. За 2,5 минути ракетата може да помине растојание од 250 км, што е повеќе од брзината на снајперски куршум, објаснува изданието, пренесува RT.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче