Според изворот, „во текот на тестирањето на ракетата беше потврдено дека нејзината брзина во лет достигнува 8 маха“, пренесува „Взгљад“.
Покрај тоа, како што истакна изворот, ракетата „Циркон“ може да се лансира од универзалните лансери 3С14, кои исто така се користат за проектилите „Калибар“ и „Оникс“.
Дострелот на „Циркон“, според отворени извори, изнесува околу 400 километри; максималната брзина на ракетата од 4-6 маха.
Во февруари, информиран извор соопшти дека хиперсоничната ракета „Циркон“, наменета за подморници од типот „Јасен“ и „Хаски“, првпат може да биде лансирана од пловило оваа пролет.
Во април 2016 година извор во рускиот воено-индустриски комплекс истакна дека „Циркон“ треба да биде пуштен во сериско производство во 2018 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче