Носачот на авиони на воената морнарица на САД од класата Нимиц - „Џорџ Вашингтон“ предводи група бродови во формација за време на воената вежба UNITAS 2015
ZUMA Press/Global Look PressВо април хиперсоничната противобродска ракета „Циркон“ ја достигна највисоката брзина која е развиена кога и да е од крилата ракета во историјата. Според извори на агенција ТАСС блиски до воениот ресор, ракетата достигнала брзина 8 пати над брзината на звукот или приближно 9.800 километри на час.
Со можен дострел од околу 400 километри таа ќе може да го мине ова растојание само за 2.5 минути. Западните медиуми се плашат дека тоа ќе направи голем дел од поморскиот потенцијал на НАТО бескорисни.
Според британското издание „Индипендент“ (The Independent) системот за противвоздушна одбрана на Кралските поморски сили „Си Септор“ (Sea Ceptor) може да пресрете само ракети кои се движат со брзина до 3.700 километри на час.
Тим Рипли кој пишува одбранбени теми за списание „Џејнс Дифенс викли“ (Jane's Defence Weekly) за „Дојче веле“ (Deutsche Welle) изјави дека воведувањето на „Циркон“ во употреба „прилично ќе го ограничи времето за реакција што тие [западните воени сили] го имаат за да ги распоредат своите одбрани и да преземат контрамерки“.
Поранешниот командант на Руската морнарица Виктор Чирков изјави за руските медиуми дека до 2020 година се планира да се создаде „група стратешки ненуклеарни средства“, опремени со прецизни оружја со голем дострел. Според Дмитриј Корнев, уредник на сајтот Militaryrussia.ru тоа значи дека по 3 години „Циркон“ веќе може да влезе во употреба.
Воениот експерт Константин Сивков е на мислење дека со воведувањето на „Циркон“ улогата на носачите на авиони на САД ќе биде ослабена сериозно во корист на руските нуклеарни круизери, кои ќе бидат опремени со овие проектили.
Сè што се знае за „Циркон“ се базира на ретките коментари од руски официјални лица и од информации кои протекоа во медиумите, а кои не беа негирани од војската и анализи на експерти врз основа на вести од Министерството за одбрана во Москва.
Се зборува дека ракетата ќе биде воведена во употреба во 2018 година, и дека со неа ќе бидат вооружени неколку подморници и големи бродови, подобрени за целите на „Циркон“. Со неа по реконструкцијата ќе биде опремен и единствениот носач на авиони во Русија „Адмирал Кузнецов“, како и уништувачите од класата „Лидер“ и подморниците „Хаски“ од петта генерација.
Уништувачите од класата „Лидер“ и подморниците „Хаски“ се во процес на развој, но фактот дека „Циркон“ ќе се помести од универзална платформа „Агата 3С14“, која се користи и за ракети „Клуб“, значи дека таа може да биде распоредена буквално на секоја платформа, способна да ги преземе нејзините димензиите.
Според рускиот вицепремиер Дмитриј Рогозин, кој прв од официјалните лица го потврди фактот дека ракетата ги минува тестирањата, таа им припаѓа на „една апсолутно нова генерација оружје“ и „гарантирано ќе помине низ противракетен одбранбен систем“.
Дмитриј Корнев вели дека според него ракетите веќе се истрелани од офанзивната подморница „Северодвинск“ од проектот „Јасен“.
Според Корнев тоа значи дека инженерите се сосема блиску до успешното распоредување на ракетата на подморници, бродови и на копно.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче