BMW Isetta 300 (BMW „Изета 300“)
Малата Isetta имала многу прекари во текот на годините: „Јајце што се тркала“, „Бокалче за млеко“, па дури и „Балонче“ поради нејзините уникатни панорамски прозорци. Овој двосед има само една предна врата на која е прикачен воланот. Така, со отворање на вратата, се поместува и воланот.
Во средината на педесеттите години од минатиот век, автомобилот дизајниран во Италија беше лиценциран од БМВ. Германците дознаваат дека Изета функционира добро во урбаните и меѓуселските региони. Isetta 300 има мотор од 13 коњски сили и развива максимална брзина од околу 88 километри на час. До шеесеттите години од минатиот век произведени се 160.000 парчиња.
De Dion Bouton Модел Z („Де Дион Батон“)
Легендарниот француски производител на автомобили De Dion-Bouton et Trepardoux е основан во 1882 година, а името на компанијата се состои од имињата на неговите основачи: грофот Алберт де Дион, инженерот Жорж Батон и дизајнерот Шарл Арман Трепардје. Во 1890 година. Компанијата го патентира едноцилиндарскиот бензински мотор и за 5 години преминува од производство на парни мотори кон дизајнирање и производство само на оние со внатрешно согорување.
До почетокот на 20 век De Dion-Bouton et Trepardoux се претвора во најголемиот производител на автомобили во светот. Секој нов модел излегува на пазарот со последователна буква од азбуката: до 1905 година тие стигнуваат до Z. Овој автомобил се смета за исклучително брз за своето време: со моќност од 8 коњски сили достигнува максимална брзина од над 14 километри на час.
ГАС-13 „Чајка“
Гордоста на советската автомобилска индустрија, која го претставува сето најдобро од своето време: автоматски менувач, вакуум серво и, се разбира – симболот во вид на мал метален галеб на ладилникот. Луксузниот автомобил го користат советските министри и партиски лидери, како и дипломатите во странство.
Создаден во модерен стил од педесеттите години на минатиот век, автомобилот не е достапен на отворен пазар. Но, извесно време првиот космонаут Јуриј Гагарин и писателот Михаил Шолохов поседуваат „Чајка“, подарени од советскиот лидер Никита Хрушчов. Моделот е произведен во вкупно 3.000 парчиња.
Packard 180 („Пакард 180“)
Овој луксузен модел на Packard Motor Car Company е миленик на западните претседатели и советските премиери. Ова е еден од најмоќните автомобили за своето време, достигнувајќи неверојатни 140 километри на час. Покриен со дрво и кожа, Packard 180 има уникатни карактеристики како што се климатизација и електронски прозорци.
Водачот на СССР, Јосиф Сталин бил голем обожавател на овие автомобили. Откако советските производители почнуваат да развиваат луксузната лимузина ЗИС-110 по Втората светска војна, Кремљ инсистира тие да користат Packard 180 како пример.
„Марусија Б1“
Првиот руски суперавтомобил „Марусија Б1“ се произведува меѓу 2008 и 2014 година, а негов „татко“ е познатиот руски музичар, ТВ-ѕвезда и тркач Николај Фоменко. Концептот на неговата визија беше развиен од руски дизајнери, а голем дел од компонентите беа произведени и во Русија. Автомобилот достигнува 100 километри на час за 3.8 секунди, а максималната брзина е 240 километри на час. Се произведоа вкупно 30 „Марусја“.