Новитетот првпат беше покажан во Улјановск при неодамнешната посета на рускиот претседател Владимир Путин.
Засега има две работни имиња: Zetta и El-Panda. Базиран е на универзална платформа, а литум јонските батерии се наоѓаат под подот. Постои можност за скалирање, а може да се користи и за разработка на електрични автомобили со различни габарити, пренесува „Рамблер.ру“.
Минималната моќност на тркалата-електромотори на новиот автомобил е 18,1 киловати, а сите четири ќе развиваат 98 коњски сили. До следното полнење ќе може да помине околу 200 километри.
Каросеријата е произведена со технологија карактеристична за мали серии, со варена каросерија, а обложена е со панели од стаклопластика. Меѓутоа, не е познато кога би можел да се најде на пазарот, затоа што нема обезбедни инвестиции, пишуваат медиумите.
Малку чудниот изглед на возилото го објаснуваат неговите конструктори со желбата да биде конфорен за широк дијапазон на корисници, вклучувајќи ги и луѓето со посебни потреби.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче