Примарната варијанта за сместување на производството специјалната економска зона во Калининградската област, во која оние кое имаат статус на резидент добиваат буџетски субвенции, кои одговараат на царинските давачки за увоз на компоненти. Ова за весникот „Ведомости“ го изјави извор близок до концернот.
„Ги анализиравме сите локации и во моментов сме во фаза на донесување на одлуката, а за тоа се потребни неколку недели или месеци“, изјави вишиот потпретседател на БМВ Хенрик Кинхајм. Тој додаде дека првин би сакал да се „разреши прашањето дали ќе одат во партнерство со некого или ќе бидат сами“. Според приближните процени инвестициите на БМВ би можеле да достигнат неколку стотици милиони евра.
Инаку, специјални економски зони, освен во Калининградската област, постојат и во Московската, Калушката и Петербуршката област.
Автомобилите на баварскиот бренд во Русија во моментов се произведуваат во халите на калининградски „Автотор“, каде се склопуваат БМВ од Сериите 3, 5 и 8, како и линијата на кросовери X1, Х3, X5 и X6. Во медиумите во ноември се појави информација дека БМВ во најскоро време би можел да започне во Русија реализација на проект за отворање на фабрика со целосен циклус на производство. Регионалните власти тогаш изјавуваа дека за Калининград може да се зборува како за „излез на европскиот пазар и пазарот на Северна Африка и Блискиот Исток“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче