Руски научници направија уред кој дијагностицира рак за неколку минути врз основа на капка крв

Наука и технологија
РИНА БИКОВА
Новиот метод на испитување на бара употреба на скапи реагенси

Научниците од Самарскиот државен медицински универзитет направија преносен уред за анализа на крв кој овозможува за неколку минути да се провери поставената дијагноза, вклучувајќи и дијагноза на онколошки заболувања.

Ова го соопшти прес-службата на Институтот за иновациски развој на Самарскиот државен медицински универзитет (СамГМУ).

„Обично ваквите анализи се вршат само во специјализирани лаборатории и траат неколку часа. Анализаторот на протеинските фракции на крвта што го направи Самарскиот државен медицински универзитет овозможува резултатите да се добијат за 5 минути, а притоа не е потребно да се имаат специјални вештини. Затоа тој може да се користи во ординациите на лекарите од сите специјалности кога е потребно да се потврди поставената дијагноза“, се вели во соопштението на прес-службата.

Како што се наведува, ваков инструмент им е потребен на малите болници на крајниот север на Русија и на болниците на нафтените наоѓалишта, каде нема можност за сложена дијагностичка лабораторија. Анализаторот го сочинуваат уред за анализа на податоците и кертриџи на кои се нанесува биолошката течност.

Специфичноста на методот се гледа во тоа што испитувањето на бара примена на скапи реагенси и други потрошни материјали. Тоа овозможува да се намалат трошоците за анализа за околу 2,5 пати.

„Ако врз основа на клиничката слика лекарот се сомнева на некакво заболување, анализаторот може да ја потврди или демантира неговата претпоставка. Според количинската содржина на фракциите на глобулин и албумин е можно да се потврдат мултипол миелом, различни видови леукемија, нефротски синдром и други заболувања. Сигурноста на дијагностиката е 98%”, објаснува раководителот на научно-образовниот центар „Медицински дијагностички системи” на Самарскиот државен медицински универзитет Андреј Соколов.

Пробниот модел на анализаторот во моментов се наоѓа во фаза на лабораториски испитувања.