Во амбуланта.
ИТАР-ТАССРуските научници направија препарат против создавање на тромб кој нема негативни странични ефекти. Се соопштува дека главниот елемент на лекот е екстракт од тело на пијавица.
Според зборовите на стручњаците, првите истражувања во оваа област ги направила уште во 80-те години познатиот хирудолог Изолда Баскова. И таа работа од времето на СССР не била залудна. Лекарите уште тогаш се запознаа со корисните својства на пијавиците и научија како да ја извлекуваат од нив супстанцата што е потребна за растворување на тромбот, но во тоа време тоа беше многу тежок и скап процес.
Меѓутоа, денес руските стручњаци први во светот успеаја по вештачки пат да ја произведат оваа супстанца. Значењето на новиот препарат е во тоа што кога го растворува тромбот, притоа тој не врши негативно влијание врз протеините, за разлика од другите лекови од овој тип, пренесува „Рамблер”.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче