Руски научници покажаа апарат со чија помош раните зараснуваат трипати побрзо

Лабораторија

Лабораторија

Михаил Киреев/RIA Novosti
Тајната е во дозираното давање на растворот на антисептик во раната и примената на негативен притисок за ублажување на воспалението.

Руски научници од холдингот „Роселектроника“ (дел од државната корпорација „Ростех“) во соработка со научно-производственото претпријатие „Радиосвјаз“ (Радиосвязь) развија аппарат кој го забрзува зараснувањето на раните. Првиот примерот на овој инструмент е прикажан на изложбата во рамките на традиционалната конференција „Биотехмед“ која се одржува во одморалиштето Геленџик, пренесуваат руските медиуми.

Со инструментот се врши вакуумирање и санација на рани и хируршки шевови, се намалува воспалителниот процес и тројно се забрзува нивното зараснување. Тајната е во дозираното давање на растворот на антисептик во раната и примената на негативен притисок за ублажување на воспалението. Електрониката овозможува регулирање на обемот на давање на течноста и антисептикот и силата на негативниот притисок.

„Ова е нашиот ноу-хау, остварен врз база на искуствата од медицината, радиоелектрониката и хемијата. Денес ги претставуваме првите практични резултати од нашата работа, експерименталните примероци на напредната медицинска техника кои се надеваме дека ќе ги заинтересираат купувачите и во блиска иднина ќе се најдат на пазарот“, изјави Арсениј Брикин, генерален директор на „Роселектроника“.

Уредот може да се примени во сферата на абдоминалната и торакалната хирургија, третманот на изгореници, травматологијата и многу други области на медицината. Се проценува дека во една голема здравствена установа се потребни педесетина такви уреди. Сериското производство може да започне во првата половина на следната година.

Рускиот лек за третман на ХИВ може да се регистрира за 5-10 години

Томограф за изградба на 3Д модел на ретината ќе се произведува во Русија

Руски научници измислија лек против тромб

Сибирски научници создадоа прототип на вакцина против рак

ВИДЕО: Во Москва создадоа дрон-дефибрилатор

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња