Премиера на „МАКС 2017“ и веднаш во Сирија
Беспилотното летало „Орион“ првпат беше покажано во јавност на големиот меѓународен авиосаем „МАКС-2017“ што се одржа летово во градот Жуковски во Московската област. Неговиот главен конструктор и производител е многу сериозната руска компанија „Кронштадт“, која инаку е лидер во развојот и производството на софистицирана специјална техника. На овој саем леталото беше покажано под ознаката Орион-Э.
Основни тактичко-технички карактеристики и негова намена
Според производителот, се работи за тактичко беспилотно летало со зголемена автономија на летот. Во негов состав влегува беспилотното летало, систем за автоматско полетување и слетување, копнена станица за наведување и технички елементи неопходни за негово одржување.
Неговата основна намена е патролирање, извидување и следење на различни објекти со способности за наведување на оган (бомбардери, артилерија) и негови корекции. На овој план руските инженери го унапредија постојниот електро-оптички и навигациски пакет и ги направија едноставно совршен за вакви задачи. Покрај задачи за откривање, наведување и корекција на оган, „Орион“ има можност да биде пренаменет и во ударно беспилотно летало кое ќе може да носи високопрецизно вооружување од класата „воздух-земја“.
Оперативен радиус: 250 км
Автономија на лет: 24 ч.
Висина на лет: 7500 м