МиГ-29СМТ
Виталиј В. КузминСнимката е направена на 12 септември на пистата на аеродромот Хмејмим во Сирија.
Ова е првпат МиГ-29 да се појави како дел од руската воздушна операција во Сирија. Инаку, основата на руските воздухопловни сили ја сочинуваат јуришните Су-25, како и фронтовските бомбардери Су-24 и Су-34. Оваа група бомбардери ја обезбедуваат ловците Су-30СМ и Су-35. Појавата на една од најнапредните верзии на прочуеното семејство на авиони МиГ-29 најверојатно е предизвикана од желбата на рускиот воен врв да го проба во реални, борбени услови. Врз основа на насобраното борбено искуство, веќе се преземени извесни технички мерки и чекори за модификација на постојната борбена техника со цел подобрување на нивните вкупни борбени можности.
Напомена:
МиГ-29СМТ претставува модернизирана верзија на МиГ-29СМ. Во однос на СМ-верзијата, подобрена му е авиониката и зголемен е просторот за гориво кој се наоѓа во карактеристичната„грпка“ зад кабината на пилотот. Со овие технички зафати авионот има значително поголем оперативен борбен радиус, а со примена на современите технологии врз погонската група и останатите компоненти на авионот, намалена е цената на неговото техничко одржување. Исто така, подобрениот радарско-електронски комплекс му овозможува употреба на цела палета „паметни“ бомби и ракети од класата „воздух-земја“. ВКС на Русија во моментов имаат околу 30 авиони од овој тип кои се наоѓаат во најголема мера во составна воздухопловниот 14 гардиски ловечки полк базиран во Курск.
Рускиот „Терминатор” тестиран во Сирија
Видео: ВКС на Русија извршија напади врз милитанти на ИД
Во Сирија испробана нова заштитена комуникација на руските сили
Русија тестираше во Сирија повеќе од 600 модели оружје и техника
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче