Хеликоптери
Евгениј Волков/WikipediaОсновните тези на оваа анализа се публикувани во познатиот француски весник „Ле Монд“. Во следниов текст ќе ги пренесеме најважните точки кои, според мислењето на францускиот полковник, се клучните за сериозниот успех на руската операција во Сирија.
Апсолутни шампиони кога е во прашање рентабилноста
Во првиот дел од својата анализа, Мишел Гоја истакнува дека точката на пресврт во војната против терористичката организација „Исламска држава“ е постигната со многу ограничени ресурси кои беа ставени во функција на руската воена група во Сирија. Според негова процена, во целокупната операција учествуваат најмногу од 4-5 илјади луѓе со 50-70 борбени авиони, додека дневните оперативни трошоци не надминуваат сума од 3 милиони евра на ден. Имено, тоа е само 20-25% од износот на буџетот на американската воена операција која не доведе практично до ништо (американската воена операција чини меѓу 12-15 милиони евра секој ден). Авторот, исто така, прави паралела и со француската операција под кодно име Chammal која се одвива во соседен Ирак. Во оваа операција на француската војска учествуваат вкупно до 1200 луѓе, со околу 15 борбени авиони, а нејзините оперативни трошоци изнесуваат околу еден милион евра на ден. Сепак, француските воени авиони во просек изведуваат вкупно 6 летови дневно, додека руските авиони дури и 5-6 пати пофреквентно летаат (просекот е 33 борбени летови).
Изненадување, фокус, страотен удар
Според зборовите на францускиот аналитичар, втората причина за успехот на оваа операција лежи и во факторот изненадување. Имено, западните воени стратези сметаа дека руската армија нема потенцијал да изведува многу сложена, разновидна воена операција далеку од своите граници, а во која се вклучени воздушни, поморски и копнени сили. Исто така, ниту терористите не се надеваа дека руската авијација ќе им нанесе толку фатални удари со оглед на свежото искуство од „бомбардирањето“ на западната коалиција, а која не им нанесе речиси никакви загуби. Русите своите акции ги применуваа неочекувано и сеопфатно, со концентрирање на ударот само врз една точка. Тоа не беше тнр. „декларативна“ фаза на изведување на борбени операции, со постепено воведување и диверзификација на своите сили, како што тоа го правеше коалицијата предводена од САД. Руските сили ги карактеризираше енергичното и решително дејство.
Изборот на вистинската страна во воениот судир
Карактеристиката на сириската војна е таква што во неа учествуваат голем број завојувани страни. Во неа нема јасна поделба на 2 противника. Москва во таквата „каша“ цврсто се определи да го поддржи исклучително официјален Дамаск, додека САД застанаа зад тнр. „умерена опозиција“, од која подоцна настанаа безброј секташки фракции кои набрзо станаа смртен непријател една на друга (на пример, „Џебхат ан Нусра“ и „Исил“). Во таквата ситуација, руската тактика на терен се покажа значително побрза и пофлексибилна од западната. Таа во целост ги надигра западните планери и во моментов изби по целата должина на реката Еуфрат, и тоа од Алепо па сѐ до границата со Ирак, што е до пред само една година изгледаше како невозможна мисија.
Притоа, како што наведува авторот, Русија го спроведува целиот план практично во „прва“ брзина. На тлото на Сирија се наоѓа една комбинирана воздухопловна бригада која брои до 70 авиони и хеликоптери. Тоа не е ништо во споредба со фактот дека во случај на неповолен развој на настаните руската армија располага со оперативни способности во многу краток временски период да употреби и до 2000 борбени летала.
Составот на оваа бригада е многу хетероген и со текот на времето еволуираше. Во првата фаза на воздухопловната операција во оваа бригада доминираа авионите, додека во последно време е забележлива тенденцијата на зголемување на хеликоптерската компонента. Од руските сили ангажирани во моментов овде треба да се додаде и уште најмалку една артилериска батерија составена од повеќецевни ракетни фрлачи БМ-27 „Град“, еден број на извидувачки беспилотни летала „Дозор-600“, авион за електронско извидување Ил-10М1, и неколку самостојни чети на рускиот спецназ.
Заклучок
Клучниот елемент во руската доктрина на употреба на силите се потпира врз изведувањето на комбиниран операции. Основната цел на овие според место и време ненадејни операции се состои во заземањето на стратешки важните точки кои вклучуваат и целосно уништување на непријателот на тесно зафатено подрачје. Ваквиот начин на изведување на борбените дејства има исклучително негативни психолошки ефекти врз останатите фракции во воениот судири или се повлекуваат од тоа подрачје или бараат некаков вид на договор за меѓусебно ненапаѓање, или пак преминуваат на страната на Башар Асад кој им гарантира еден вид аболиција од кривичен прогон како резултат на учеството во терористички формации.
Руски МиГ-29СМТ уништи терористи со наведувана бомба ОФАБ-500Кр
Лансиран нов бран ракети „Калибар“ врз терористички цели во Сирија
Во руската воздушна операција во Сирија се вклучија и авионите МиГ-29СМТ
Видео: ВКС на Русија извршија напади врз милитанти на ИД
Видео: Ми-28 „Ноќен ловец“ ги напаѓа позициите на ИД во Сирија
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче