Фотографија до архива
Ленинградската фабрика за метал (Ленинградский металлический завод) е најголемиот руски производител на погонски машини и турбини. Фабриката се наоѓа во Санкт Петербург и постои повеќе од 160 години.
Основана е во 1857 година од страна на Сергеј Растерјајев, истакнат припадник на руската буржоазија. Тој и припаѓал на елитната група на трговци и бизнисмени на кои им било дозволено да го користат грбот на Руската империја.
Почнал така што ги ангажирал најдобрите и најбрилијантните германски стручњаци, но првите парни и хидраулични турбини во Русија сепак се направени од страна на руски инженери во 1924 година.
Фотографија од архива
Револуцијата во 1917-та година го засени наследството на буржоазијата и го забрза производството, правејќи услови тоа постојано да се развива. Енергетската сила на турбините се зголеми. Инженерите на оваа фабрика во 1963 година ја направија најголемата и најмоќната Франсисова турбина за Краснојарската хидроелектрана.
Фотографија од архива
Ленинградската фабрика за метал секогаш тежнеела да биде „најголема и најмоќна”. Така, во 1977 година фабриката почнала да производува хидраулични компоненти, а нејзиниот нов производ набрзо нашол купувачи во целиот свет.
/ Слава Степанов | geliovostok.ru
Денес секоја десетта турбина во светот е произведена во Ленинградската фабрика за метал.
/ Слава Степанов | geliovostok.ru
Според податоците кои ги објавува компанијата, фабриката во 2017 година произвела преку 2150 парни и 790 хидраулични турбини.
/ Слава Степанов | geliovostok.ru
Производите во советскиот период беа пласирани само во земјите кои беа во пријателски односи со СССР, што беше вообичаена пракса во тоа време. Покрај советските републики, главни купувачи беа Кина, Индија и земјите од Латинска Америка.
/ Слава Степанов | geliovostok.ru
Денес турбините на Ленинградската фабрика за метал се продаваат по целиот свет – од Канада и САД, па се до Африка и Азија.
/ Слава Степанов | geliovostok.ru
Во највпечатливите меѓународни проекти на кои работи оваа компанија се вклучени фабрики од Иран, Кина и Мексико.
/ Слава Степанов | geliovostok.ru
Поголемиот дел на руските електрани исто така користи турбини направени во Ленинградската фабрика за метал. Нејзините инженери ја реконструираа Сајано-Шушенската хидроцентрала, најголемата електрана во Русија. Во август 2009 година, на оваа хидроцентрала се случи катастрофална хаварија во која беа поплавени и уништени просториите со турбините.
/ Слава Степанов | geliovostok.ru
Еден од најистакнатите нови проекти е парната турбина за Белојарската нуклеарна електрана. За разлика од другите централи на нуклеарен погон, оваа има таканаречен „брз реактор” (кој користи брзи неутрони за иницијација на фисионата реакција), што е иновативен проект на руската нуклеарна индустрија.
/ Слава Степанов | geliovostok.ru
Погонот во кој се прават хидрауличните турбини.
/ Слава Степанов | geliovostok.ru
Производството на турбини е долг процес. Инженерите на оваа фабрика вршат проверки после секој сукцесивен чекор во производниот процес. Фабриката има дури и специјална вакуумска комора во која идните турбини можат да бидат тестирани во автентични работни услови.
/ Слава Степанов | geliovostok.ru
Една турбина може да биде тешка и до 1.500 тони и долга околу 60 метри. Токму таква е направена за локалната Ленинградска нуклеарна електрана која треба да буде пуштена во употреба во 2018 година.
/ Слава Степанов | geliovostok.ru
Во овој момент инженерите на Ленинградската фабрика за метал работат на ротор за хидротурбина кој ќе биде тежок 250 тона. Тоа ќе биде најтешкиот ротор во досегашната историја на оваа фабрика.
/ Слава Степанов | geliovostok.ru
Фабриката се протега на површина од 190 хектари. Секој квадратен сантиметар е искористен за производство на погонски тркала, турбини и други делови наменети за идни погони.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче