Руските воени цепелини го освојуваат небото

РосАероСистеми
Цепелините можат да транспортираат тешки товари, не е потребна развиена аеродромската инфраструктура, а освен тоа може да се претвори во важен елемент од системот за противракетна одбрана. При сето тоа допрва треба да се реши проблемот со безбедноста на овие летала.

Во мај 2017 година стана познато дека само по четири години во вооружувањето на воено-космичките сили на Русија ќе влезе првиот цепелин. Станува збор за експериментален примерок, но самиот факт дека за потребите на воениот ресор ќе биде користено леталото, кое порано се сметаше за безнадежно застарено, заслужува внимание.

Цепелинот „Атланта“, со чиј развој се зафатиле инженерите од холдингот „Авгур-РосАероСистеми“ („Авгуръ-РосАэроСистемы“), е дизајниран доста амбициозно. Неговата најтешка модификација може да крева во воздухот 170 тони товар и да го транспортира на растојание до 5.000 километри. За споредба: приближно толку тежат три тенкови „Армата“ со целосно борбено комплетирање. Цепелинот има неколку важни предности пред транспортната авијација: тој троши многу помалку гориво и нема потреба од развиена инфраструктура од аеродроми, што пак овозможува негова употреба во слабо совладаниот север.

Atlant / РосАероСистемиAtlant / РосАероСистеми

Транспортот сепак не е единствената сфера во која цепелините можат да најдат примена. Современите технологии го откриваат нивниот нов потенцијал за кој во минатото дури и не мислеле. Излезе дека тие одлично се вклопуваат за потребите на противракетната одбрана. Нивната широка површина овозможува да се монтираат истовремено неколку антени и локатори, преку кои ќе се следи воздушен простор со површина од илјадници квадратни километри, земајќи ги предвид можните истрелување на ракети. Во единствен комплекс со сателитска орбитална група аеростатите стануваат потенцијален елемент на противракетната одбрана. Тука не игра критична улога нивниот главен недостаток - ниската брзина.

Странски аналози

Во САД исто така позитивно го оценија потенцијалот што цепелините го откриваат во модерната ера. Цепелинот „Аероскрафт“, над кој сега работат американските инженери, има многу проектни сличности со „Атланта“. Тој нуди голема носивост (според некои проценки таа значително ги надминува можностите на рускиот аналог), а плановите се и тој да се користи во тешко достапни области за воени пратки. За САД оваа задача е повеќе од актуелна: нивните воени единици се шират низ целиот свет, вклучувајќи ги и областите каде што изградбата на писти за полетување и слетување е отежнато.

The Aeroscraft airship / APThe Aeroscraft airship / AP

Големи успеси во воената примена на цепелините постигна Кина. Во 2015 година таму е направен обид со вистински гигант. Аеростатот е наполнет со речиси 20.000 кубни метри хелиум кои му овозможуваат да се издигне во атмосферата на висина до 100 километри и да остане таму до 2 деноноќија. Користењето соларни батерии им овозможува на кинеските инженери да го зголемат корисниот товар на леталото. Неговата најверојатна цел е да ги контролира акваторија во источниот дел на Тихиот Океан, која во последниве години стана зона на спротивставување меѓу Кина и нејзините соседи, поддржани од САД.

Користење на историските искуства

Некогаш цепелините беа доминантни на небото, наоѓајќи активна примена и во воената сфера. Во почетокот на 20 век германските цепелин брзо стануваат фаворити на воениот ресор. Нивните први тестирања покажале широки борбени способности: цепелините креваат во воздух бомби со тежина неколку тони. Само во 1916 година германските цепелини вршат над 120 напади врз француски градови.

Руски цепелин „Кречет“ / Фотографија од архиваРуски цепелин „Кречет“ / Фотографија од архива

Пред сто години Русија е една од светските лидери во изградбата на цепелини. Во предвечерието на Првата светска војна нејзината воздушна флота, формирана од овие апарати, може да се спореди само со германската. Активностите во оваа сфера продолжуваат и по револуцијата од 1917 година. Само што во пресрет на Големата татковинска војна СССР прави избор во полза на авионите: земјата не може да ги троши најдефицитарните средства истовремено во две насоки за развојот на воздушната флота. Улога одигра и техничкиот фактор. По серијата несреќи во триесеттите години од минатиот век производството на цепелини низ целиот свет почнува да бледнее. При тогашното ниво на развој на технологијата безбедноста навистина е проблем: наполнет со гас аеростатот избувнува лесно. Современите производители на цепелини користат најнови технологии за поднесување на гас и се убедени дека ќе можат да ги поправат грешките направени од нивните претходници во минатото.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња