Руската ласерска технологија ја менува претставата за војната на иднината

Getty Images
На почетокот на август 2016 година руските воени лица изјавија дека се подготвуваат да ги воведат во вооружувањето првите примероци на ласерско оружје. За прв пат станува збор за целосно конкретен проект кој може да отвори нова страница во историјата на Вооружените сили на Русија.

Авторите на научната фантастика го имаат опишано механизмот на дејството на ласерското оружје многу пред во главите на научниците да се појават првите никулци за практичните цели за користење на насочените снопови на електромагнетното зрачење.

Главната тешкотија била во тоа што за да се создаде во каков и да е степен воен ласер, потребен соодветен моќен извор на енергија. До средината на 20 век за овој проблем не се наоѓало техничко решение. Оттогаш науката има направено премногу голем чекор напред.

Ласерите се користат насекаде, а особено во медицината и во индустријата. Но, и во воената сфера одамна не се работи само за фантастично „оружје на иднината“.

Солиден ласер кој функционира врз основа на специјални диоди, се смета од страна на војската во водечките земји во светот како најефикасното средство за борба против балистички и крилати ракети. Монтиран на авион, тој може да уништува цели во вселената, а освен тоа и практично целиот спектар на подвижни цели во воздух.

Рендгенскиот ласер може да се бори дури и со такви објекти, кои се скриени зад масивни прегради. Неговото влијание води до нарушување на внатрешната структура на нападнатиот објект и до негово практично распаѓање. Стрелањето од ласерот може да биде целосно незабележано за човековите очи, а неговиот ефект на напад е премногу значаен. Во зависност од моќта на зракот и објектот на влијание, целта може да се распадне на делови, да изгуби ориентација во просторот или да се разнесе.

Странското искуство

Во годините на Студената војна наддржавите беа опседнати со ласерското оружје. Озлогласената Стратешка одбранбена иницијатива (СОИ) на американското раководство од осумдесеттите години на минатиот век претпоставуваше активно користење на ласери за борбата против советските балистички ракети. При тогашното техничко ниво ваквата идеја изгледаше очигледно тешко изводлива, но оттогаш е направено многу.

Признат лидер во развој на ласерско оружје во странство е компанијата Боинг (Boeing). Ласерите кои нејзините инженери ги инсталираат на авионот, во перспектива се способни за многу нешта: од уништување на непријателски проектили до струјно влијание врз копнените објекти.

Американците гледаат на ласерот како на нова етапа во развојот на хај-тек оружјето. Тоа е во состојба да уништува цели, без да нанесе никаква штета на околните објекти. Мошне заинтересирана за ласерите е и флотата на САД. Најновите испитувања покажаа дека ласерските топови се најефикасното оружје против непријателските бродови, подморници, авиони и дронови.

Руски одговор

Советскиот Сојуз не заостануваше од американските конкуренти. Во СССР се развиени технологии за уништување на шпионски сателити врз основа на ласер. Ласерски топови со огромна моќност беа поставени на пловечка платформа и беа направени неколку испитувања.

Беше дискутирано за проекти за монтирање на ласерско оружје на советските сателити. Пред распадот на СССР дури успешно беше дизајнирана специјалната борбена сателитска платформа „Скиф“. Проектот „Тера“ беше осмислен за создавање на ласерски систем за противракетна одбрана.

По 1991 година голем дел од работата над овие проекти беше запрена, но сепак доста работи се задржани. Токму нив сега ги користат руските производители на оружје. Ласерскиот лансери А-60 е истиот оној од советската разработка, само што е подобрен во современа Русија. Тој претставува аналог на проектот на компанијата Боинг - ласерска лабораторија, монтирана на товарен авион.

По повеќе од 10 години заборав, сега концернот „Алмаз-Антеј“ веќе започна да работи на практичната примена на идејата за создавање на домашно ласерско оружје врз основа на А-60. Тестирањата спроведени во 2009 година поминаа успешно: ласерскиот импулс А-60 уништи сателит на 1.500 км над Земјата. Тој успеа да се справи и со секоја летачка цел, вклучувајќи ги дроновите и балистичките ракети. Иако превезот на тајноста, го покрива развојот на руските ласери, со сигурност може да претпоставуваме дека токму тие ќе го детерминираат изгледот на оружјето во најблиска иднина.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња