M-98
Архивска фотографијаПред почетокот на Втората светска војна СССР ја поседувал најголемата подводна флота на светов. Имал двојно повеќе подморници од САД и четири пати повеќе од Германија. Сепак, на советски подморничари во тоа време им биле задавани мошне тесни задачи. СССР поради својата географска положба не можел да се бори за доминација во океаните. Постоеле само два региона каде имал излез на отворен океан – крајниот север и рускиот Далечен Исток. Но, на овие места немало можност за изградба на комплетна воено-поморска инфраструктура.
Фотографија: Александар Соколенко / РИА Новости
Останале само затворените мориња – Црното и Балтичкото. Се сметало дека советската воена морнарица, кога ќе започне војна, може да нанесе тежок удар на непријателските поморски комуникации во близина на овие подрачја. Но, Германија имала многу помоќни воени бродови од СССР, а перспективата за влегување на Велика Британија и на нејзината најголема морнарица на светот во војна долго време била нејасна. Во овој контекст одлуката за развој на подводна флота била единствено логично решение. Нејзиното создавање барало релативно мали трошоци, што нудело можност да се развие прилично моќна сила која може да одигра важна улога на поморските боишта.
Современите историчари утврдија исклучителен и речиси непознат факт. Имено, воената морнарица на СССР има потопено многу повеќе германски подморници одошто западните сојузници. Советските подморничари уништиле четири од девет подморници на германската воена морнарица потопени на сите поморски фронтови. Студентите води на Балтичкото и на Баренцовото море биле поприште на жестоки подводни двобои.
„Штука“, фотографија: РИА Новости
Победила „на поени“ воената морнарица на Советскиот Сојуз. Соодносот на уништените подморници бил 4:3 во корист на СССР. На пример, штом Германија го нападнала СССР, веќе следното утро нејзината подморница U-144 ја искористила предноста во вооружувањето и ја потопила советската подморница М-98. И самата била потопена само еден и пол месец подоцна, кога советската подморница од класата „Штука“ во близина на брегот на Естонија отворила на неа прецизен плотун од два торпедни лансери. Капетанот на германската подморница немал никакви шанси да се извлече. Две години подоцна се одиграл уште еден двобој во кој победила советската страна. Германската подморница U-639 била на површината на водата и поставувала мини во Баренцовото море, кога одненадеж била погодена од три советски торпеда.
Советските подморници во битките во Втората светска војна дејствувале оперативно и ефикасно. Подморниците од серијата „Маљутка“ тешко може да се окарактеризираат како опасно оружје. Тие имале компактен габарит, така што можеле да се превезуваат преку железница, но затоа посадата немала доволно простор (што уште некако можело да се прифати) и безбедноста не била на задоволувачко ниво.
„Маљутка“, фотографија: Алексеј Межујев / TAСС
Имено, оваа подморница имала само еден мотор, а не била ниту доволно цврста за да може да се спушти во длабочините на кои се водат подводните борби. Една појака бура можела буквално да ја преполови. На сето тоа уште понеобичен е фактот дека токму „Маљутките“ се покажале како најефикасни подморници на воената морнарица на СССР во Втората светска војна. Тие имаат потопено над 60 непријателски транспортни пловила и 8 воени бродови. Добрата обука на посадата ги надополнила техничките недостатоци и овозможила толку голем успех.
Советските подморници од типот „Средњаја“ (С) во тоа време биле новитет. Крајбрежните води на Балтик биле густо минирани, така што во тие услови овие подморници не можеле да го покажат сиот свој борбен потенцијал. Но, дури и она што го имаат постигнато е мошне впечатливо. По иронија на судбината, на авторите на подморницата од типот „С“ како прототип им послужил соодветен германски модел, но советските конструктори во голема мера го преработиле почетниот проект, прилагодувајќи го на домашната опрема и вооружување. Така е добиен универзален модел за чиј потенцијал доволно зборува фактот што една подморница од серијата „С“ во воените години има преживеано околу сто напади во длабински борби и ниту еднаш не била оштетена.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче