Армијата на РФ ќе добие ловци од петтата генерација

Т-50 ПАК ФА.

Т-50 ПАК ФА.

Виталиј Кузмин
Во Комсомољск на Амур започна тестирањето на осмиот по ред примерок на ловецот од петтата генерација Т-50. Според претставникот на компанијата која ги произведува овие летала, кон крајот на есента ќе биде завршено тестирањето на првите 12 примероци, по што со Министерството за одбрана ќе биде потпишан договор за испорака на уште еден контингент од најмодерните ловци.

Обединетата корпорација за производство на авиони во Комсомољск на Амур (8.700 километри источно од Москва, руски Далечен Исток – заб. ред.) го подигна во возухот осмиот по ред сериски примерок на ловец од петтата генерација Т-50 (кој уште се нарекува и Перспективен авијациски комплекс на фронтовската авијација, или скратено ПАК ФА – заб. ред.). Концернот влезе во завршната фаза на конструкторските работи и на пробните летови пред испораката на првата ескадрила (12 авиони – заб. ред.) на руските вооружени сили.

Фото: Виталиј КузминФото: Виталиј Кузмин

Први примероци на Т-50

Според воениот аналитичар на весникот „Известија“ Дмитриј Литовкин, првите неколку години по воведувањето во експлоатација Т-50 ќе се „дотерува“ додека не ги исполни општоприфатените принципи и показатели за ловец од петтата генерација.

„Во моментов сé уште не постојат мотори од петтата генерација 'Тип 30'. Т-50 се ќе тргне во производство со моторите кои денес ги користи Су-35С од генерацијата '4++'. Овие мотори засега не го овозможуваат односот тежина/влечење/потрошувачка на гориво кои се карактеристични за ловците од петтата генерација, иако можат да развијат суперсонична крстосувачка брзина“, истакнува експертот.

Тој вели дека за забрзувањето на експериментално-конструкторските и на научноистражувачките работи во оваа област неопходно е да се приклучат и стратешките партнери на Русија во сферата на воено-техничката соработка, односно Индија, Алжир и Виетнам. „Овие земји спроведуваат независна воено-техничка политика и имаат пари со кои можат да се купат напредни видови вооружување. Заедничките научноистражувачки и експериментално-конструкторски работи ќе го забрзаат создавањето на 'типски' ловец од петтата генерација“, додава Литовкин.

Според рускиот експерт, новиот договор за испорака на авиони од петтата генерација ќе биде разгледан со Министерството за одбрана на РФ кон крајот на годинава, кога воениот врв ќе одлучи колкаво количество од овие летала е неопходно за воено-космичките сили на РФ.

u0412u0438u0442u0430u043bu0438u0458 u041au0443u0437u043cu0438u043d
u0412u0438u0442u0430u043bu0438u0458 u041au0443u0437u043cu0438u043d
u0412u0438u0442u0430u043bu0438u0458 u041au0443u0437u043cu0438u043d
u0412u0438u0442u0430u043bu0438u0458 u041au0443u0437u043cu0438u043d
u0412u0438u0442u0430u043bu0438u0458 u041au0443u0437u043cu0438u043d
 
1/5
 

Карактеристики на ловецот од петтата генерација

Најновиот руски ловец е конструиран како конкуренција на американскиот модел F-22 Raptor. Меѓутоа, Американците веќе пет години го користат својот модел и го имаат применето во воените дејствија во Ирак.

Руските производители не соопштуваат колку е вложено во истражувањата и во производството на Т-50, но се знае дека сумата е повеќекратно помала од парите што САД ги потрошија за создавање на својот модел. Вашингтон во создавањето на F-22 Raptor вложи над 74 милијарди американски долари и на крајот доби производ кој чини 146 милиони американски долари. Според договорот со военоиндустрискиот сектор на САД Пентагон доби 187 ловци, по што програмата за F-22 Raptor беше затворена.

„Т-50 влегува во сериско производство мошне подоцна од 'Американецот'. Ова нуди можност да се испитаат сите предности и мани на постоечкиот американски модел и да се земат предвид во текот на создавањето руски авион. Слична беше ситуацијата и кога се конструираше повеќенаменскиот ловец од четвртата генерација Су-27. Прототипот на рускиот авион се појави многу подоцна во однос на американскиот F-16, така што беа земени предвид сите мани на американскиот модел од истата класа. Благодарение на оваа околност популарната руска 'сушка' излезе подобра од 'Американецот' според борбените карактеристики“, вели за „Руска реч на македонски“ Вадим Козјулин, професор на Академијата за воени науки.

Фотографија: Виталиј КузминФотографија: Виталиј Кузмин

Како што истакнува тој, Т-50 може да користи цел спектар од постоечките високопрецизни ракети од класата „воздух-воздух“, како и сите наведувачки ракети.

„За Т-50 во рамките на концепцијата 'стелт' се прават специјални ракети со квадратен пресек, што овозможува во авионот да се 'спакуваат' повеќе проектили кои можат да бидат искористени за време на извршувањето на борбените задачи“, додава експертот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња