МиГ-31
Марина Лицева / ТАССКон крајот на декември 2015 година директорот на корпорацијата „МиГ“ Сергеј Коротков за новинарите изјави дека „најновиот авијатички комплекс кој му доаѓа на замена на легендарниот пресретнувач, ќе биде користен врз основа на современите принципи за производство на авиони и од нови материјали“. Во моментов се работи на дизајнот на новото летало.
Проектот за конструирање нов пресретнувач беше започнат на почетокот на 2014 година. Тогаш претставникот на комитетот за одбрана на Државната дума на РФ, пратеникот Александар Тарнаев, соопшти дека е потпишан соодветен документ за изведување научно-истражувачки и надгледно-конструкторски работи на ловецот-пресретнувач МиГ-41.
За овој авион не се знае речиси ништо. Според командантот на Военокосмичките трупи на РФ Виктор Бондарев, планирано е новиот ловец-пресретнувач да биде готов до 2020 година. Пробниот пилот Анатолиј Квочур претпоставува дека новиот авион ќе ги поседува сите најдобри особини од претходниот МиГ-31, но дека ќе развива значително поголема брзина, над 4 маха. „Ваквата модернизација требаше да се реализира уште пред 20 години. Но, тогаш тоа не се случи и затоа сега барањата се поголеми. Сега новиот модел, меѓу другото, треба да развива брзина од 4 до 4.3 маха (околу 4.248 километри на час – заб. ред.)“, изјавува пилотот во интервју за новинската агенција РИА Новости.
Во работата над хиперсоничниот пресретнувач МиГ-41 се користат проектите што се започнати ушпте во деведесеттите години од минатиот век со ознака 301 и 321. Од друга страна, надгледно-конструкторското биро „Сухој“ на сопствена иницијатива конструира евтина варијанта на пресретнувач кој би развивал брзина од 2.500 до 2.700 километри на час. Со оглед на конкуренцијата, претставниците на индустријата и на воениот ресор треба да се договорат за тоа кој од споменатите проекти е поисплатлив.
Засега истовременото конструирање слични модели на марките „Су“ и „МиГ“ во извесна смисла потсетува на ситуацијата од седумдесеттите години од минатиот век кога се работеше на јуришните авиони Ту-22М и Т-4. Вториов не влезе во сериско производство поради високата цена и поради отежнатото опслужување.
МиГ-31 и понатаму е основа на авијацијата на ПВО на Военокосмичките трупи на Руската Федерација. Сега во тек е планска модернизација на определен број ловци-пресретнувачи која е насочена кон подобрување на нивните борбени карактерситики. Авионите од типот МиГ-31 кои во моментов се модернизираат (и кои понатаму ќе ја носат ознаката МиГ-31БМ) добиваат нова авиника, ново вооружување и радарска опрема. Така МиГ-31БМ ќе биде 2.6 пати поефикасен од основниот модел МиГ-31.
Авијатичкиот полк кој е базиран на воениот аердром „Центраљнаја Угловаја“ кај Владивосток веќе во декември 2015 година ги доби првите три модернизирани апарати МиГ-31БМ. Во 2016 година планирано е во целост да се обнови авиопаркот на целиот полк, односно сегашните авиони Су-27 СМ и МиГ-31 да бидат заменети со нови летала МиГ-31БМ. Модернизираниот модел ќе се користи во руската армија до 2028 година кога ќе биде целосно заменет со најмодерните пресретнувачи МиГ-41.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче