Како што на 17 декември на новинарите им соопшти командантот на Стратешките ракетни сили Сергеј Каракаев, роботизираниот систем во овој род на војската може да решава различни задачи: од комплетно набљудување на подрачјето на кое се наоѓаат положбите на ракетните дивизии до давање помош на нивните припадници.
Командантот на Стратешките ракетни сили не ја исклучува можноста „Чуварите“ на Јарс и на Топољ да се произведуваат заедно со перспективните ракетни систами, чија изработка е веќе во тек. Всушност, станува збор за работа според системот „клуч на рака“ каде заедно со најновиот систем за лансирање балистички ракети ќе се произведува и неговиот сопствен „чувар“.
„Волци“ како чувари на ракетите
Во овој момент се знае дека е во тек конструирањето и на тестирањето на мобилниот роботизиран систем „Волк-2“ што го користат единиците на Стратешките ракетни сили. Овој робот е вистински универзален војник. Моќен е и тежок. Се движи со помош на гасеници и може да ги извршува практично сите борбени задачи – од патролирање на зададена територија и набљудување, до лување на важни објекти и давање огнена поддршка на тактичката група.
Овој „Волк“ ќе има и свои „заби“, односно тежок митралез „калашников“ и митралези со голем калибар „Утјос“ и „Корд“. Најважна предност на овој робет е можноста да отвора оган во движење со брзина од 35 километри на час, во услови на ограничена видливост и во темнина. За прецизноста на „волчите“ проектили е задолжена термовизиската камета, ласерскиот далечински мерач и хидростабилизаторот.
Сергеј Каракаев не ја исклучува можноста за примена на нови борбени роботи што веќе се користат во другите родови на војската. Во овој момент руските Копнени сили интензивно го применуваат роботот „Платформа-М“ кој е со помала големина од роботот „Волк-2“, но кој ги извршува истите задачи. Комплексот е вооружен со фрлач на гранати и со митралески систем „Малиш“. Со негова помош може далечински да се управуваат борбените дејствија.
Развојот на вештачката интелигенција на прво место
Командантот на Стратешките ракетни сили нагласи дека во блиска иднина модерните командни системи од четвртата и од петтата генерација покрај чувањето балистички ракети и давањето помош на припадниците на Стратешките ракетни сили може да добие задача „непосредно да извршува наредби поврзани со лансирање ракети без никакви посредници, дури и во услови на нуклеарен удар и на радиоелектронски пречки“. Ова значи дека во случај на непосредна опасноср (на пример, кога системот за рано откривање на ракетен напад забележал лансирање на непријсталеска ракета или кова веќе се има случено катастрофа) роботите самите донесуваат одлука за одговор.
Засега состојбата на руската роботика (како на борбената, така и на мешовитата воено-цивилна) не овозможува на роботите да им се довори ваква важна задача. Поголемиот дел од постоечките системи функционираат на далечинско управување. Поради тоа, според Сергеј Каракаев, „пред воведувањето во експлоатација на новите роботизирани ситеми ќе мора да се исвршат низа дополнителни истражувања и тестирања“.
Вакво тестирање веќе се врши во рамките на комплекснатана наменска програма „Создавање перспективна воена роботика до 2025 година“, која подразбира опремување на вооружените системи со најсовремени борбени роботи.
Во септемрви 2015 година Воено-индустриската комисија на Русија заедно со Министерството за одбрана подготви низа тактички тестови за роботизираните системи што ги добива армијата, а во октомври 2015 година претставниците на руската Обединета корпорација за производство на уреди соопшти дека е завршени тестирањето на автоматизираниот систем за управување на група роботизирани средства под називот „Уникум“. Овој систем, според информациите што ги наведуваат неговите автори, овозможува човекот во целост да се исклучи од процесот на управување и на механизмот да му се дадат својства кои се речиси еднакви на човечките можности.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче