Владислав Мартинов, директор на компанијата „Yota Devices“ Извор: Ројтерс
Руската компанија „Yota Devices“ која го произведе Јотафон2, работи на проектот за нов таблет. Како и смартфонот, замислено е таблетот да има два екрана. Еден од нив ќе биде обичен, а од спротивната страна ќе се наоѓа екран кој се засновува на технологијата на електронска хартија. Ова го соопшти директот на компанијата „Yota Devices“ Владислав Мартинов. Според него, компанијата е моментално концентрирана на својот главен производ – Јотафон2. Работата на создавање таблет е веќе во тек, но дефинитивната одлука за производството сè уште не е донесена.
Концепт на висока цена на производство
Еден од пронаоѓачите на Јотафон, Дмитриј Гориловски, кој денес се занимава со сопствени проекти е сигурен дека доколку „Yota Devices“ направи таблет, тој ќе биде голем, со екран од 9 или 10 инчи. Притоа цената на производство на овој уред ќе биде доста висока.
„Без вториот екран цената за производство би била околу 300-400 долари, но дисплејот со електронска хартија оваа цена ќе ја зголеми за околу 150 долари“, проценува Гориловски.
Мартинов е сигурен дека цената за производство на таблет може да биде висока, но за ваков уред тоа не е најважно: „Кога на пазарот ќе се појави нов уред, најважно е тој да има уникатни особености што им одговараат на корисниците, односно да има нешто што ќе ја направи работата на таблетот поедноставна и поефикасна“, објаснува директорот на „Yota Devices“. “Токму за ваквите особености корисникот е подготвен да плати“.
Мартинов додава и дека процесот на создавање уред започнува од концепт. Стручњаците на компанијата предлагаат различни карактеристики и функции. Потоа овие идеи му ги предаваат на посебно одделение кое ја проценува неговата бизнис-ефикасност и перспективноста.
„Денес проектот на создавање таблет е во фаза на проценка на бизнис-ефикасноста. Стручњаците ги анализираат желбите на корисниците: во која мера уредот би можеле да го користат различни категории корисници, како што се студентите и учениците, државните службеници, бизнисмените и други“, објаснува Мартинов.
Нова карактеристика за корисниците
Една од основните предност на Јотафон, според Мартинов, е малата потрошувачка на електрична енергија на екранот со електронска хартија.
„Кај таблетот траењето на батеријата не е проблем. На пазарот има доста уреди кои работат долго со едно полнење. Затоа тоа не може да биде предност“, смета Мартинов. „За таблетите потребна е нова поинаква интересна карактеристика за корисниците“.
Друга важна особеност на електронската хартија е тоа што сликата на екранот се гледа јасно дури и при силна светлина, но таа, според мислењето на инженерите на компанијата, не е доволно за луѓето да купат поскап производ.
Инженерите на компанијата „Yota Devices“ веруваат дека ќе успеат да развијат уникатно „сценарио“ за користење на таблетот со два екрана. Но, според сопственикот на најголемиот музеј на мобилни телефони во Русија Евгениј Козлов „Yota Devices“ тешко ќе се пробие дури и на пазарот на смартфони. Кај Јотафон вториот дисплеј најчесто се користи за да се видат различни известувања и за да се одговори на нив, а притоа да не се троши батеријата на уредот. Но, на пазарот денес се појавија „паметни“ рачни часовници кои ја имаат истата функција.
Според стручњаците на „Yota Devices“ не е единствената фирма која се обидува да се издвои по нешто необично на пазарот на таблети. На пример, компанијата „Lenovo“ претстави таблет со прожектор. Корисникот може да прожектира слики од дисплејот на каква било површина. „Ваквите гаџети не предизвикуваат особено воодушевување, Тие остануваат само како маргинални производи кои ја демонстрираат можноста на современата техника“, смета Козлов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче