Соѕвездие од „Адмирали“ ќе ги заштити интересите на Русија во светските води

Извор: РИА Новости

Извор: РИА Новости

Во потпишаната на 26 декември 2014 година од страна на претседателот на РФ Владимир Путин нова Воена доктрина на Руската Федерација, меѓу мноштвото задачи доверени на руските Вооружени сили, се и следниве: обезбедување на сигурна економска активност на државата во светските води; заштита на националните интереси на Русија на Арктикот, како и борба со пиратството и осигурување на безбедноста на пловењето на бродовите. Решавањето на сите овие задачи е невозможно без бродови за пловење во далечни морски зони, чие јадро на групата во следните 10-15 години треба да го сочинуваат најновите руски фрегати од Проектот 22350.

На 12 декември 2014 година во вода беше спуштена втората по ред и прва сериска фрегата од наведениот тип која го доби името „Адмирал Касатонов“. Според Врховниот командант на ВМФ РФ адмирал Виктор Чирков, бродот „ќе решава задачи за обезбедување на националните интереси на Руската Федерација во секоја точка на светските води“. 

Прв сериски 

Главната фрегата на Проектот 22350, „Адмирал на флотата на Советскиот Сојуз Горшков“ во 2014 година беше упатена на фабрички испитувања на море. Вклучување во флотата е планирано за 2015 година.  

Карактеристики на фрегатите од Проектот 22350 

Вкупна зафатнина 4500 тони, 

должина 135 м 

ширина 16 м 

пропаѓање 4,5 м 

издржливост според резервите од гориво и храна 30 дена 

екипаж 186 лица

Фрегатите од наведениот тип се првите големи бојни бродови наменети за дејствија во оддалечени предели во светските води кои во целост се проектирани и се градат во постсоветска Русија. Паралелно со фрегатите од Проектот 11356 кои се наоѓаат во сериско производство и корветите од семејството 20380/20385, како и перспективните разурнувачи од типот „Лидер“, фрегатите од „адмиралската“ серија ќе го сочинуваат костурот на морските сили за општа намена на ВМФ на Русија. 

Универзален борец 

Фрегатите од Проектот 22350 имаат архитектура со долг прамец со солидна надградба чија конструкција заедно со широката употреба на композити овозможи да се намали видливоста на бродот за непријателските радари. Внимателно дизајнираните форми на контурите на трупот и остриот нос ќе им обезбеди на фрегатите високи пловни особини. На испитувањата на море главната фрегата покажа брзина на движење која ја надминува пресметаната (пресметаната полна брзина е 29 јазли). 

Главниот погон на бродот е комбинираниот погон на дизел и гасни турбини од типот CODAG. Комбинацијата од моќна и високобрзинска гасна турбина и економичниот дизел агрегат се покажаа како најоптимална опција за бродот од наведената класа, обезбедувајќи му со тоа должина на пловење со економично движење до 4000 милји. 

Ударното оружје на фрегатите од Проектот 22350 е универзалниот бродски систем за гаѓање (УКСК) кој овозможува употреба на крстосувачки, противбродски и противподморнички ракети од системот „Калибар-НК“ и суперсонични ракети „Оникс“. Вкупниот арсенал на ракети е 16, сместени во заштитениот потпалубен систем за вертикално лансирање. 

Средства за противовоздушна и противоракетна одбрана на бродот се ЗРК „Редут-Полимент“ со муниција – во зависност од типот на ракетите – од 32 до 128 ЗУР, како и противавионски ракетно-артилериски систем „Палаш“ со 30-мм брзострелни автомати и противавионски ракети. Артилериското вооружување на фрегатата вклучува еден 130-мм топ А-192М со систем за управување со огнот 5П-10 „Пума“, способен брзо и со висока прецизност да уништува надводни, крајбрежни и воздушни цели, а со противоподморнички  - со две лансирни рампи за системот „Пакет-НК“ со по четири торпеда (антиторпеда) во секоја. 

Објавена е новата воена доктрина на Русија
„Уточнувањето на воената доктрина на Руската Федерација е спроведено преку исполнувањето на одлуката на Советот за Безбедност на Русија од 5 јули 2013 година. Измените што се внесени во документот се одобрени на состанокот на Советот за безбедност на Русија на 19 декември 2014 година“, се вели во соопштението објавено на претседателскиот сајт.

Откривањето на воздушни и површински водни цели го обезбедуваат РЛС со фазна антена и стандарден РЛС од типот „Фурке“. Осветлувањето на површинската и подводната околина го обезбедува современиот хидроакустичен систем. На бродот се сместени средства за радиоелектронската борба, 14,5-мм митралези, а исто така има и можност за постојано базирање на еден хеликоптер од класата Ка-27. 

Со погледот кон извоз 

Во денешно време „Севернаја верф“ (мак. Северно бродоградилиште), назначена за единствен испорачател на фрегатите од Проектот 22350 за ВМФ на Русија, гради уште две фрегати од наведениот тип – „Адмирал Головко“ и „Адмирал на Советскиот Сојуз Исаков“ – има во портфолиото нарачки уште за два вакви брода, кои претпријатието треба да ѝ ги предаде на флотата до 2020 година. Потоа бродоградилиштето ќе премине на изградба на унапредениот Проект 22350М. 

„Во блиска иднина Воено-морската флота смета на добивање на преку 15 фрегати од Проектот 22350 и нивните модификации – Проектот 22350М, – ги цитира зборовите на адмирал Виктор Чирков агенцијата РИА „Новости“. – Овие бродови ќе ја сочинуваат основата на групите бродови во Арктичката зона, во Атлантикот и Средоземното море“. 

Заедно со испораката на фрегатите од Проектот 22350 за руската флота Обединетата бродоградежна корпорација смета на можноста за изградба на такви бродови и за странски нарачатели. Експортната модификација ја доби ознаката Проект 22356 и првпат беше претставена на меѓународниот воено-морски салон Euronaval-2010. Во целина тактичко-техничките елементи на бродот се аналогни на Проектот 22350, но составот на вооружувањето и опремата можат да варираат по желба на нарачателот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња