Во Екатеринбург се произведуваат клетки

Извор: Alamy / Legion Media

Извор: Alamy / Legion Media

Чекањето на донаторско ткиво и стравот од отфрлање на пресадените клетки наскоро ќе остане зад нас. Во Русија започна со работа лабораторија опремена со „минифабрика“ за одгледување човечки клетки која ги исполнува сите меѓународни барања и стандарди.

Во Екатеринбург на Институтот за медицински клеточни технологии започна со работа единствениот роботизиран миникомплекс. Пред сè, проектот ќе овозможи да се вршат научни истражувања на подрачјето на медицината за обновување клетки, а исто така од клиничките истражувања да се исклучат животните. 

Роботот го следи квалитетот на материјалот кој се одгледува и постојано го зголемува неговиот опсег. Клетките што се одгледуваат можат да бидат различни, во зависност од тоа кое оштетено ткиво треба да се обнови. Според заменикот на главниот лекар за наука на Институтот за медицинска клеточна технологија Сергеј Сазонов, главните напори во догледно време ќе бидат насочени на истражување и воведување во терапија. „Пред сè, тука без сомнение е оштетената кожа од различни рани, зашто тоа мошне тешко се лекува. Во практичното здравство тука се и оштетувањата од изгореници и дефекти од шеќерната болест, да кажеме, трофични рани на долните екстремитети. Мислам дека тоа е прво нешто на кое треба да работиме оваа година“. 

Во борба против Паркинсоновата болест
Тим Лекари од Москва и од Казањ осмислија тестови кои ја детектираат Паркинсоновата болест неколку години пред појавувањето на нејзините симптоми, што може да го реши еден од најголемите проблеми при лекувањето на оваа болест, а тоа е фактот дека речиси во сите случаи таа се открива премногу доцна, кога ефикасниот третман е речиси невозможен.

Освен тоа, клеточните технологии се испробани во многу правци. Да кажеме, во лекувањето изгореници, во борбата против промената на кожата предизвикана од стареењето. 

Сега се вршат испитувања на сите можни облици на примена на клеточната технологија во хирургијата на крвните садови – за лекување и за спречување мозочни удари. Огромна важност изумот има на подрачјето на технологијата на примена на материјали кои се одгледуваат истакнува Андреј Алексеев, раководител на Центарот за изгореници при Институтот за хирургија „Вишневски“:. „Денес ова е научна лабораторија која врши истражувања на полето на биотехнологијата. Кога станува збор за биотехнологија, да се направи материјал, едноставно значи да се заврши половина работа. Главно е да се создаде технологија за примена на овие материјали. Мило ми е што се појави ваква лабораторија. Ова во иднина може да ги зголеми можностите кои веќе се применуваат кај нас во Русија и кои во иднина ќе се усовршуваат“, вели тој. 

Постојаното создавање клеточен материјал изискува и криобанки. Во специјални магазини замрзнатите клетки на пациентите ќе можат да се чуваат додека има потреба за тоа. Самата банка ќе послужи како база за биолошки материјали за различни видови испитувања не само во Русија, туку и надвор од нејзините граници, смета Сергеј Сазонов. „Затоа ако клеточниот материјал го пренесеме во банка која исто така одговара на стандардите, на излезот ќе добиеме материјал кој во целост ќе биде еквивалентен и ќе ги исполнува меѓународните барања. И во овој систем се врши размена на материјал, односно во овој случај сосема бесплатно ќе можеме да добиеме клеточни материјали од западните колеги“, вели тој. 

Денес во Русија веќе постојат девет криобанки, едната има и меѓународен сертификат. Во перспектива се планира врз база на лабораторијата во Екатеринбург да се направи сопствена банка, која ги исполнува меѓународните стандарди. Веќе се вршат преговори за испорачување на таква опрема од страна на Технопарк од Новосибирск. Моментално во Европа постојат околу 40 слични станици, а во светот ги има над 200. За Русија е мошне важно да воведе познати технологии, да ги прошири и да почне да работи со меѓународниот систем на слични фабрики и банки. Значи, новиот изум во медицината за обновување ткива ќе ја зголеми можноста за примена на лекувањето во практика, што значи спас за животот на стотици пациенти.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња