Гените на жителот на Сибир се појавиле на американскиот континент пред 24 илјади години. Извор: Alamy / Legion Media
Според современото гледиште, првите жители на Америка, Палеоиндијанците, стасале таму преку Беринговиот копнен мост (во тоа време постоел премин помеѓу Сибир и Алјаска). Значи, Алтај треба да се смета како прва генетичка татковина на првите Американци. Нивните предци се раселиле низ Сибир и на крајот стасале до Америка.
Без оглед на тоа што жителите на Источна Азија се во најблиско генетичко сродство со првите Американци, научниците до денес не можеа точно да докажат на кој ген од народите на Стариот свет се најслични нивните гени. Во определени истражувања на ДНК кај претставниците на различни народи, научниците успеаја да донесат нови заклучоци за процесите на настанување на древните Индијанци.
Од резултатите може да се заклучи дека гените на народите од Западна Евроазија дошле на американскиот континент многу порано одошто се сметаше. Во секој случај тоа било пред повеќе од 24 илјади години, за време на стариот палеолит.
Група научници под раководство на Maanase Raghavan (Универзитет во Копенхаген), во соработка со руски научници, го истражуваше геномот на древен жител на Сибир и го спореди добиените резултати со гените на претставниците на други народи. Резултатите на истражувањето беа објавени во магазинот „Nature“.
Научниците зедоа примерок од ДНК од скелет на древен жител на Сибир, чија старост се проценува на отприлика 24 илјади години. Костурот е пронајден за време на едно ископување од 1928 до 1958 година недалеку од градот Усоље (Пермски крај), во праисториската населба Маљта. Скелетот моментално се чува во Ермитаж.
Научниците спроведоа секвенцирање на ДНК на стариот жител на Сибир и направија споредбена анализа на геномите од 11 современи народи, четири народи од Евроазија (предци на Черемисите, Таџиките, Аварите и на Индијанците), како и на човекот од Денисовата пештера. Резултатите покажаа дека од современите народи Индијанците Каритијана се најблиски до стариот жител на Сибир.
Од резултатите може да се заклучи дека гените на народите од Западна Евроазија дошле на американскиот континент многу порано одошто се сметаше. Во секој случај тоа било пред повеќе од 24 илјади години, за време на стариот палеолит. Освен тоа, добиените резултати можат да помогнат при објаснувањето зошто Индијанците имаат хаплогрупа Х (која се среќава кај народите од Западна Евроазија, но која ја немаат народите од Источна Азија).
Без оглед на тоа што жителите на Источна Азија се во најблиско генетичко сродство со првите Американци, научниците до денес не можеа точно да докажат точно на кој ген од народите на Стариот свет се најслични нивните гени.
„Резултатите од работата се однесуваат на раниот период од населувањето на Земјата, конкретно на Сибир и на Америка. Освен тоа, тие индиректно доаѓаат во допир со проблемите за настанувањето на расите (иако научната меѓународна заедница, поради политичката коректност, е мошне внимателна во врска со оваа тема). Но, оваа тема е всушност длабоко биолошка и поврзана со темата за прилагодувањето на човечката популација на спротивните услови за постоење во различни климатски зони на Земјината топка“, вели Људмила Осипова, коавторка во истражувањето и раководителка на етногенетската лабораторија при Руската академија на науките.
Професорката тврди дека без оглед на тоа што генетичарите добро го имаат проучени прашањето за раното населување на нашата планета и за постоењето на рани населби, „животот е секогаш посложен од какви било шеми“. „Засега е големо прашањето на какво организациско ниво течеле процесите на настанување на расите – во времето на хомо сапиенс или уште порано. Уште многу работи треба да бидат откриени“, заклучува таа.
Според мислењето на Осипова, ова истражување ги потврдува, од една страна, старите хипотези за потеклото на американските староседелци, а од друга страна ни дава многу важни информации. Да кажеме, за старите населби на старите Европејци на подрачјето на Сибир.
Рускиот текст на сајтот на Gazeta.ru
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче