Од длабочините низ мраз

Средствата за разбивање мраз што денес ги поседуваат подморниците не овозможува тие да изнурнат брзо и без оштетување на трупот. Фотографија: Александар Емељаненков.

Средствата за разбивање мраз што денес ги поседуваат подморниците не овозможува тие да изнурнат брзо и без оштетување на трупот. Фотографија: Александар Емељаненков.

Руските стратешки подморници кои носат нуклеарно оружје на борбено дежурство во регионот на Арктикот ќе добијат нови можности. Конкретно, до 2015 година планирано е воведување нови елементи на конструкцијата и зајакнување на трупот, што на подморниците ќе им овозможи безбедно да го совладаат дебелиот арктички мраз без запирање и без оштетување на трупот.

Работата поврзана со оспособување на стратешките подморници за тие без оштетување да можат да го пробијат арктичкиот мраз е проверена во централното конструкторско биро за поморски техники „Рубин“. Во документацијата на овој проект се наведува дека брзото изнурнување низ мразот може да биде потребно поради извршување на борбена задача или за спасување на екипажот во случај на хаварија.

Низ мразот се изнурнува само со една цел: да се изврши ракетен нуклеарен удар од површината. Ова се прави само на подрачјето на Арктикот. 

Игор Курдин, поранешен командир на нуклеарната подморница „Екатеринбург“

„Брзото постигнување контакт со покривката од мраз и нејзиното гарантирано и безбедно разбивање е неопходен услов за примена на борбените средства и за остварување на тактичките цели, а исто така и за воспоставување врска, за контакт со атмосферата и со самото тоа за спасување на екипажот“, се наведува во документацијата.

Средствата за разбивање мраз што денес ги поседуваат подморниците не овозможува тие да изнурнат брзо и без оштетување на трупот. Како што објаснува Игор Курдин, поранешен командир на подморницата „Екатеринбург“ и претседател на санктпетербуршкиот клуб на подморничари, за излегување на подморницата на површина покриена со мраз предвидени се два начина: изнурнување без движење, или во краен случај со движење, со тоа што мразот треба да се разбива со трупот. 

„Изнурнувањето во движење може да доведе до оштетување на трупот, на подвижните движења, на хидроакустичниот систем и на торпедните апарати. До денес не се видени случаи на пробивање на мраз во движење. Изнурнувањето без движење е вообичаен маневар што често се применува“, вели Игор Курдин.

Експертот објаснува дека подморницата „се смирува“ пред да изнурне во вообичаениот режим, а потоа започнува мошне бавно да се крева со брзина од неколку сантиметри во минута. За да се овозможи безбедно изнурнување во движење потребно е да се зајакни командната кула и носот на подморницата, зашто мразот се пробива токму со овие делови. 

Нуклеарниот Ермитаж тргнува во поход
Министерството за одбрана на РФ ќе потроши 5 милијарди рубли за поправка и за модернизација на бродот „Адмирал Нахимов“, еден од најмоќните руски тешки нуклеарни ракетни крстосувачи од проектот 1144, тип „Орлан“. „Адмирал Нахимов“ мируваше 25 години, а сега е решено тој да биде претворен во најмоќниот воен брод на руската флота. Москва очекува дека по модернизацијата ќе добие крстосувал кој ќе може да ги штити интересите на Русија во светскиот океан.

Во рамките на овој проект се развива и програма за системи за управување со подморници кој ќе овозможи откривање на локацијата од најтенкиот слој на мразот. Со програмата е предвидено решение на уште еден проблем, а тоа е чистење на палубата од остатоците од мраз по неговото успешно пробивање и изнурнување на површината. Како што вели Курдин, често се случува мразот да ги затвори ракетните цевки, а на стратешките подморници тоа се најважните делови од трупот.

„Низ мразот се изнурнува само со една цел: да се изврши ракетен нуклеарен удар од површината. Ова се прави само на подрачјето на Арктикот. Кога подморницата ќе изнурне и кога луѓето ќе излезат на палубата, наоѓаат големи парчиња мраз, особено на деловите каде што се наоѓаат капаците на ракетните цевки. Во овие капаци може да навлезе мраз, зашто тие имаат прилично јак хидрауличен систем“, објаснува Курдин. 

Посебна задача е создавање на спасувачка комора за екипажот. Комората исто така треба да пробива мраз за да се обезбеди излез за воздух и врска со спасувачите. Планирано е комората да се крева низ водата до покривката од мраз, а потоа одоздола го загрева со уреди кои развиваат висока температура. Спасувачката комора ќе биде опремена со радиоврска, со уреди за навигација и со сигнални плути. 

Безбедноста на „форсирање“ на мразот дополнително ќе биде осигурена со основање површински центар кој ќе ја анализира состојбата на мразот во водите во кои се движат арктичките подморници. 

Веќе во 2016 година можат да се појават првите зајакнувања на арктичките подморници. Планирано е за реализација на проектот да се потрошат 285 милиони рубли.

Рускиот текст на сајтот на Известија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.