Научната фантастика во полза на реалноста

Извор: Press Photo.

Извор: Press Photo.

Познатиот руски писател-фантастичар Сергеј Лукјаненко ќе го посети Првиот Иркутски фестивал на роботехника „РобоСиб“, со цел со учесниците да разговара за технолошката иднина на Русија.

На 28 ноември во Иркутск ќе биде отворен еден од најзначајните научно-популарни настани на годината - Првиот Иркутски фестивал на роботехника „РобоСиб“. На фестивалот ќе се соберат и своите работи ќе ги претстават повеќе од 500 лица на возраст од 6 до 30 години, кои веќе денес претендираат на идното звање инженерска елита на земјата.

Програмата на фестивалот во себе ќе вклучува отворени предавања, мастер-предавања, тркалезни маси, семинари и средби со познати руски писатели-фантастичари.

 

Фестивалот го организираат компанијата En+ Group и Фондот на Олег Дерипаски „Слободна Работа“ во рамките на серуската програма „Роботехника: инженерско-технички кадри на иновациската Русија“. Организаторите на „РобоСиб“ уште на почетокот решија овој настан да го направат посебен, со што тој ќе се разликува од другите роботехнички изложби. Освен традиционалниот натпреварувачки дел, програмата на фестивалот во себе ќе вклучува отворени предавања, мастер-предавања, тркалезни маси, семинари и средби со познати руски писатели-фантастичари.

Посебна програма со учество на литератите од Иркутск е направена и за не помалку познатиот и сакан во Русија писател-фантастичар, сатиричар и сценарист Леонид Каганов.

Еден од нив ќе биде Сергеј Лукјаненко, еден од најпознатите руски писатели-фантастичари и автор на серијата романи за животот на Поинаквите („Ноќна стража“, „Дневна стража“ и др.), кои ги екранизираше Тимур Бекмабетов. На „РобСиб“ Лукјаненко ќе дојде во рамките на отвореното предавање со цел да позборува со учесниците и со гостите на настанот за возможните варијанти за развој на технолошката иднина на Русија и на светот во целост.

Освен Лукјаненко, на фестивалот исто така е поканет и еден од најпознатите писатели на Русија Михаил Успенски. Посебна програма со учество на литератите од Иркутск е направена и за не помалку познатиот и сакан во Русија писател-фантастичар, сатиричар и сценарист Леонид Каганов.

Организаторите на „РобоСиб“ се уверени дека историјата на развојот на технологијата демонстрира нешто кое пред неколку децении се чинеше неостварлива фантастика, а кое со текот на времето стана стварност. Во таа смисла „пророштвата“ кои се остваруваат на писателите-фантастичари зборуваат за тесната заемна врска помеѓу науката и творештвото: квалитетни достигнувања во науката се невозможни без инспирација, без творештвото и без смелите идеи, а умешноста за претскажување на технолошката иднина е драгоцен квалитет за идните инженери по роботехника.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.