Еден „Холограф“ ќе го чини Министерството за одбрана 1.2 милиони рубли. Извор: ИТАР-ТАСС.
„Холограф„ работи со помош на ултракратки радиоимпулси на фреквенција од 1 до 4 kHz, на тој начин што ги пропушта низ кој било материјал и детектира движење на оддалеченост од 6.5 метри, примајќи го сигналот што се одбива. Уредот има мали димензии, тежок е 4.5 килограми, може да издржи пад на бетон од висина од еден метар и да се експлоатира на температура од -20 до +50 степени Целзиусови.
„
„Холограф“ има можност да распознае движење низ тули, бетон, дрво, гипс, глина, сува земја и малтер. Според зборовите на претставник на конструкторот, во секој посебен случај радарот има различни можности, но главниот услов е материјалот да не содржи вода.
Според тврдењето на проектантот, радарот е мошне лесен за ракување: секој човек за 15 минути може да научи како се ракува со „Холограф“. Освен тоа, предвидена е можност за работа со една рака.
„Постојат многу малку нагодувања, односно речиси и да ги нема – има тастер за вклучување и прилично достапна индикација“, изјавува претставникот на ЦНИИ за хемија и за механика.
Според зборовите на еден човек кој служи во единиците за специјални намени на Главната разузнавачка управа (ГРУ), а кој учествувал во борбените дејствија во Чеченија, примената на ваквата техника би можела да спаси многу животи, како на цивилното население, така и на борците од единиците за специјални намени.
„
Постојат многу малку нагодувања, односно речиси и да ги нема – има тастер за вклучување и прилично достапна индикација.
Претставник на ЦНИИ за хемија и за механика
„Ова би било мошне добра потпора за неплански, бесшумен напад. Овој уред во прв ред им е потребен на антитерористичките единици, чија цел е да им ги спаси животите на заложниците, како што е на пример групата „Алфа“. Поинаку е кога постојат некои материјали или објекти кои не смеат да бидат оштетени. Тоа е на пример внатрешноста на авион каде мора да се дејствува гради в гради, со тоа што претходно јасно би се определиле целите, да се види кој каде се наоѓа и каде е можно да се реагира неочекувано, да се нападне непријателот – тоа е 50% од успехот. Радарот би можел да спаси многу животи“, изјавува тој.
„Холограф“ има можност да распознае движење низ тули, бетон, дрво, гипс, глина, сува земја и малтер. Според зборовите на претставник на конструкторот, во секој посебен случај радарот има различни можности, но главниот услов е материјалот да не содржи вода.
„Сè зависи од материјалот – низ дрво тој 'гледа' на растојание од еден метар; ако станува збор за тула тогаш е половина метар, а бетонот веќе мора да биде потенок, зашто во него има железо. Покрај тоа, мошне е важно и тоа колку е влажен материјалот на ѕидот: ако е тоа неодамна изѕидана заграда, тогаш видливоста е послаба – брановите се гасат, зашто им пречи водата“, изјави соработникот на ЦНИИ за хемија и за механика.
Тестирањата на „Холограф“ во единиците за специјални намени ќе се извршуваат во текот на 2014 година, три комплета ќе добие единицата број 92154. Соопштено е дека еден „Холограф“ ќе го чини министерството за одбрана 1.2 милиони рубли.
Рускиот текст на сајтот на Известија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче