Олимпискиот факел од вселената

Извор: NASA / Press Photo

Извор: NASA / Press Photo

Уште една од низата посади стаса на Меѓународната вселенска станица. Летот на бродот со човечка посада Сојуз и неговото спојување со МВС помина според планот. На руските астронаути од 38 експедиција, Олег Котов и Сергеј Рјазанцев, освен исцрпната програма со експерименти, им претстои уште една важна мисија. Во ноември во вселената би требало да биде испратен факелот за Олимписките игри 2014 во Сочи.

Вселенскиот брод со човечка посада Сојуз стаса по скратената маршрута на МВС за само шест часа. Во последниве неколку години за овој пат беа потребни два дена. За командантот Олег Волков ова е веќе трети лет. Бродскиот инженер Сергеј Рјазанцев а американскиот астронаут Мајкл Хопкинс се првпат во вселената. Едноставноста во посадата се огледа во тоа што двајцата руски астронаути според образованието се лекари, вели шефот на Центарот за обука на астронаути Сергеј Крикаљев:

- Олег Котов пристигна во Центарот за обука пред многу години како воен лекар. Потоа, откако се најде во одредот на астронаути и откако ја заврши општата вселенска обука, доби дополнително инженерско и летачко образование. Тој има летано во вселената како бродски инженер и како командант. Сергеј Рјазанцев лета првпат. Неговата судбина е слична со онаа на Котов. И тој по образование е лекар. Но, бидејќи лекарите тешко наоѓаат работа, сметаше дека е подобро да се имаат повеќе специјалности и се преквалификуваше за бродски инженер. Мајкл Хопкинс одлета заедно со нашите момчиња на бродот Сојуз, но неговото работно поле ќе биде на американскиот дел од МВС.

На прес-конференцијата одржана пред стартот, многу новинари ги прашуваа астронаутите за нивните „олимписки“ склоности. На прашањето кој спорт според своите карактеристики е најсличен на работата во вселената, астронаутите, кои, како што е познато, се спортисти и храбри луѓе, одговорија со хумор – синхронизирано пливање. Но, престојот во бестежинскиот простор можеби навистина има одредени сличности со пливањето, а синхронизацијата во работата на посадата на бродот е најважна.

Непосредно пред стартот на Сојуз, орбитата на Меѓународната вселенска станица беше подигната за 900 метри. Корекцијата беше направена за да се обезбеди патување по покусата шестчасовна маршрута, објаснува колумнистот на списанието „Новости од астронаутиката“, Андреј Красиљников:

- Тоа ви овозможува на бестежинските услови да се навикнете не во склупчените услови на Сојуз, како што беше случај претходно, туку во голема станица. Таму прилагодувањето е мошне полесно.

Русија ќе започне голема програма за истражување на Месечината

Програмата на руските космонаути опфаќа десетици научни експерименти од четири подрачја. Станува збор за биотехнологијата, техничките експерименти, проучувањето на Земјата и на вселената, и за едукацијата и популаризацијата на вселенските истражувања. Треба да прифатат 5 товарни брода. Во февруари, во слободното време, ќе ги следат Олимписките игри. Бидејќи е невозможно да се оствари директен пренос за време на орбиталниот лет, астронаутите закажаа определени натпревари. Така со сета сила „ќе навиваат“ за рускиот тим. Но, пред тоа ќе мораат да ја исполнат својата олимписка мисија. Имено на седми ноември екипата 39 од експедицијата на МВС ќе го донесе олимпискиот факел. На 9 ноември во вселената ќе го понесат Олег Котов и Сергеј Рјазанцев. Два дена подоцна, олимпискиот факел на Сочи 2014 ќе биде вратен на Земјата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња