Полиетиленската оклопна заштита е создадена пред само неколку години, но веќе активно се применува на Запад во состав ма композитниот повеќеслоен оклоп. На сликата: T-90. Извор: vitalykuzmin.net.
Во согласност со документацијата ан тендерот за експериментално-конструкторските работи под шифра „Броњ-БЕ“ („Оклоп-БЕ“), плочките од супервисокомолекуларниот полиетилен ќе влезе во состав на композитниот оклоп и на противтенковското дно на БТР и на воените камиони. Новиот материјал треба да ја заштити техниката од противтенковски фугасни мини, од панцирно-запални куршуми, како и од дејство на агресивни природни фактори.
Планирано е првиот образец на новиот полимер да биде изработен до јуни 2014 година.
Според барањата на Министерството за индустрија и за трговија на РФ (Минпромторг) полиетиленската оклопна заштита треба да издржи боев ласер, погодок од панцирен куршум 12.7 милиметри на растојание од 300 метри и експлозија од 8 килограми тротил, дејство на „огнена сила од 10 W/cm² во тек на 15 секунди, светлосен импулс со сила од 42 J/cm² во траење од една секунда; ласер СО2 со сила од 42 W/cm² за период од 25 секунди“.
Заштитните плочки не треба да го намалат заштитното својство во случај на губење гориво, моторна вода, под дејство на ултравиолетови зраци, како и на критични температури (-50 и +70 степени според Целзиус). Според тоа тие треба да бидат најмалку за една третина полесни од останатите.
Освен боевата примена, планирано е оклопните плочки да се користат за овозможување безбедност на вработените во индустриските објекти или за време на ракување со експлозивни материјали.
Супервисокомолекуларниот полиетилен (СВМПЕ) спаѓа во полимерите на етилен со висока молекуларна маса, а од обичниот полиетиленски материјал се разликува по високиот степен на отпорност при користење во екстремни услови. Материјалот не кородира, отпорен е на удари, дури и на криогени температури (под -150 степени Целзиусови), во целост ја одбива влагата и не спроведува струја. Освен тоа, СВМПЕ поседува поголема бесшумност отколку металот и практично не може да се изаби поради нискиот коефициент на триење.
Како што објаснува Виктор Мураховски, главен уредник на списанието „Арсенал на Татковината“, полиетиленската оклопна заштита е создадена пред само неколку години, но веќе активно се применува на Запад во состав на композитниот повеќеслоен оклоп.
„На пример, со него сега се опремени панцирните елечиња на армијата на САД. Во спој со арамидните влакна тој има заштитни карактеристики кои се подобри од кевларот, оти кевларот се ткае од влакна меѓу кои останува меѓупростор, а тука тоа го нема, поради што е поотпорен на ударно дејство од куршуми, гранати и шрапнели“, објаснува Мураховски.
Тој додава дека за опремувањето на техниката се користат повеќеслојни комбинирани оклопи кои се составени од челични плочи, керамички елементи, слој од полиетилен и од арамидни влакна.
Според него, ваквиот оклоп добро ќе им дојде на руските војници за заштита на комплетната оклопна техника, вклучувајќи ги и тенковите.
„Ваков оклоп им е потребен на сите возила наменети за работа на линиите на фронтот и во блиска тактичка позадина, онаму каде што е потребна заштита од куршуми, шрапнели и од ударни бранови. Тоа е сета оклопна техника, вклучувајќи ги и тенковите, оклопните транспортери, возилата со фрлачи на ракети со повеќе цевки“, објаснува Мураховски.
Тој додава дека новиот материјал може да се користи и кај заштитните елечиња, со што нивната тежина се намалува за 20 до 30%. Притоа, експертот подвлекува дека полиетиленскиот оклоп засега има еден сериозен недостаток: материјалот почнува да ги губи своите својства по 3 до 5 години.
Првата фаза на разработката, која подразбира испитување на прототипи, мора да заврши до јули следната година. Корекцијата на технологијата на производството, изработката на постојани технолошки прописи за идното производство и тестирањето на новата оклопна заштита ќе започне во декември 2014 година. За изведувањето на експериментално-конструкторските работи од федералниот буџет се издвоени 180 милиони рубли (околу 5 милиони и 400 илјади американски долари).
Рускиот текст на сајтот на „Известија“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче