XFEL. Извор: Press Photo.
Експерименталната фабрика Научно-истражувачкиот институт за електрофизичка апаратура во Санкт Петербург до крајот на 2014 година планира да ги изготви сите 715 магнети за ултрамоќниот европски рендгенски ласер на слободни електрони XFEL, изјави за РИА Новости директорот на фабриката Виталиј Танаев.
Станува збор за висококвалитетни електромагнетни леќи, а во светот постојат многу малку земји што можат да произведат вакви магнети
„Институтот и Експерименталната фабрика во моментов работат на неколку програми. Една од нив е програмата за европскиот ласер XFEL. Ние произведуваме околу 715 магнети за различна примена – квадрополни, биполни, секстополни. Во што се огледа особеноста на овие магнети – тоа се висококвалитетни електромагнетни леќи. Постојат многу малку земји во светот што можат да произведат вакви магнети. Во моментов се произведени повеќе од 200 магнети и треба да завршиме со нивното производство до 2014 година“, вели тој.
XFEL претставува забрзувач на електрони со специјален уред наречен ондулатор, кој е составен од периодично поставени магнети кои ги оттргнуваат електроните од праволиниската траекторија. Разбркани до брзина на светлината електроните во ондулаторот под дејство на магнетното поле се отклонуваат и генерираат рендгенски зраци. Овие зраци овозможуваат со висока точност на се изучува структурата на материите, да се изучуваат молекулите не белковините и во режим на реално време да се следи текот на хемиските реакции.
Ласерот ќе може на атомско ниво да ја проучува природата на вирусите, да гледа како тие ги напаѓаат клетките. Познавајќи ја „атомската кујна“, фармаколозите ќе имаат можност многу поефективно да создаваат нови лекарства
Уредот ќе се наоѓа во околината на Хамбург во систем на тунели со вкупна должина од 5 километри и 777 метри. Тунелите излегуваат во експерименталната сала со површина од 4.5 илјади квадратни метри и со длабочина од 14 метри. Се претпоставува дека ласерот ќе почне со работа во 2016 година.
Во изградбата на ласерот учествува Русија, која за него одвои 306.4 милиони евра. Вкупните трошоци за проектот се проценети на 1232 милијарди евра, а во него учествуваат 12 земји.
Ултраспроводливите магнети за ласерот ги произведува санктпетербуршкиот научно-истражувачки институт за електрофизичка апаратура „Д.В. Ефремов“, а последните секции на ондулаторот ги прави новосибирскиот Институт за нуклеарна физика „Г.И. Будкер“. Менторството на за реализација на проектот е во рацете на Научно-истражувачкиот центар „Курчатовски институт“ од Москва.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче