Русија се подготвува за ѕвездена војна

„Кој владее со космосот, тој владее со светот“. Извор: kinopoisk.ru.

„Кој владее со космосот, тој владее со светот“. Извор: kinopoisk.ru.

35 години по премиерата на „Војна на ѕвездите“ на Џорџ Лукас, научната фантастика практично стана реалност: одбранбените доктрини на водечките светски воени сили всушност станаа воено-космички.

Неодамна во Земјината орбита беа исфрлени два нови воени сателити: американски и руски. Ваквата практика во текот на претходните неколку децении стана вообичаена појава. 

Целта на војните од иднината нема да бидат непријателските територии, туку прецизно ракетирање на неговите болни точки. Полека заминува во минатото користењето копнени оклопни единици и се намалува улогата на стратешката авијација. Поимот „стратешко вооружување“ сè повеќе преминува од класичната „нуклеарна тријада“ на конвенционално вооружување со ракетни системи со висока прецизност, базирани на различни платформи.

Стратешката нуклеарна стабилност, односно високиот степен на гаранција дека нема да дојде до ненадеен нуклеарен удар, во голем степен зависи од исправното и непрекинато функционирање на набљудувачките сателити за рано откривање на лансирани ракети. 

Од своја страна ова подразбира поседување голем број орбитални апарати за логистика. Станува збор за сателитски средства за набљудување, предупредување, прогнозирање и насочување, кои и самите мораат да бидат заштитени и бранети. 

САД даваат очигледен пример за грижа за сателитите. Министерот за одбрана Роберт Гејтс уште во 2009 година издејствува конгресот да одобри 10.7 милијарди долари за ваквите програми. Неговиот наследник во администрацијата на Обама, Леон Панета, очигледно има намера да ги намали овие расходи. 

Според пресметките на угледни воени аналитичари, како што е неодамна починатиот генерал Владимир Слипченко, треба да се очекува дека до 2020 година бројот на ракетните системи со висока прецизност во водечките земји ќе го достигне бројот од 70 до 90 илјади. Можеме да си замислиме колку сателитски системи ќе бидат потребни за да се обезбеди адекватна логистичка поддршка, зашто без неа сите крстосувачки ракети и „паметни бомби“ се само еден куп метал. 

Со други зборови, прашање на време е кога во орбитата ќе бидат поставени системи кои можат самостојно да гаѓаат цели во космосот, во атмосферата и на Земјата. Ова, меѓутоа, не значи дека борбените станици ќе мора да се поставуваат во орбитата, или дека ќе биде неопходно вооружување на набљудувачките или на метеоролошките сателити. Сателитите можат успешно да се бранат и со помош на системи базирани на Земјата. 

„Кој владее со космосот, тој владее со светот“, тврди поранешниот шеф на секторот за вооружување на руските Вооружени сили, генерал-полковникот Анатолиј Ситнов. 

Во овој момент во орбитата се наоѓаат околу 500 и околу 100 руски апарати. За жал, според податоците на експертите, бројот на руски воени сателити е над четирипати помал од бројот на американските воени сателити. 

Кон средината на јуни минатата година експерименталниот воздушно-космички апарат на Военото воздухопловство на САД Х-37В беше успешно атериран во автоматски режим по повеќе од 15 месеци поминати во Земјината орбита. Според раководителот на програмата, полковникот Том Макинтаер, флотата шатли е опишана и сега се тестира овој апарат кој отвора „исклучителни можности во сферата на развој на космичката технологија“. Притоа Американците воопшто не кријат дека овие технологии се развиваат пред сè за вооружување. 

Руската позиција суштински се разликува од американската. Командантот на Космичките единици, генерал Владимир Поповкин (сега тој раководи со Роскосмос), уште во мај 2008 година предупредуваше: „Ние категорично се спротивставуваме на разместувањето на какво било оружје во космосот, зашто космичкото пространство денес е една од малобројните сфери во кои нема граници. Поставувањето оружје во оваа сфера ќе го наруши балансот кој моментално постои во светот.“


Кој владее со космосот, тој владее со светот

генерал-полковникот Анатолиј Ситнов

Според него, космичките сили и комплекси се технички мошне сложени се подложни на дефекти. „Јас, како командант на Космичките единици (во тој случај“ не би можел да гарантирам дека дефектот на апаратот не е предизвикан од дејствие на некој потенцијален противник.“ 

Од гледна точна на воените стручњаци, стратешката нуклеарна стабилност, односно високиот степен на гаранција дека нема да дојде до ненадеен нуклеарен удар, во голема мера зависи од исправното и непрекинато функционирање на набљудувачките сателити за рано откривање на лансирани ракети. Ако се претпостави дека дошло до дефект на таков апарат, тогаш државата што го лансирала може да го изгуби чувството на сигурност, по што и недовербата ќе стане поголема, а тоа, пак, на крајот може да доведе до воена катастрофа.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.