Зошто Русија сака НАТО да присуствува на нејзините најголеми вежби

Министерство за одбара на Руската Федерација
Заеднички руско-белоруски вежби „Запад-2017“ планирани за септември предизвикуваат сериозна загриженост кај политичарите. Ќе учествуваат ли во нив претставници на НАТО? И што е најважно - какви задачи во реалноста ќе одработат руската и белоруската армија?

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко официјално покани набљудувачи од НАТО на вежбите „Запад-2017“. Руската страна не даде никакви официјални изјави и остава впечатокот дека овој чекор на белорускиот лидер е договорен со Москва. Згора на тоа, генералниот секретар на НАТО изрази подготвеност да испрати свои претставници во Белорусија со забелешка дека е неопходно „во текот на вежбите да не се дозволи зголемување на тензиите во регионот“. Уште подалеку стигна главниот командант на силите на САД во Европа Бен Хоџис, кој изјави дека Русија треба да покани на маневрите новинари, доколку сака тензиите во регионот да се намалат.

Што е тоа „Запад“

„Запад“ се нарекуваат вежбите на западните воени окрузи на СССР, а потоа на Русија, организирани уште од 1981 година. Тогаш Белорускиот, Киевскиот и Балтичкиот воен округ ги одржуваа едни од најголемите воени маневри во историјата по Втората светска војна, во кои учествуваа повеќе од 100 илјади луѓе. Бројни експерти се на мислење дека главната задача на вежбите не е подобра соработка, ами демонстрација на моќта на СССР пред НАТО. Освен тоа дел од маневрите беа спроведени во Полска (каде во тоа време политичката ситуација беше нестабилна) со цел да се покаже подготвеноста на СССР да ги поддржи своите пријатели во Варшава.

Во 2009 година името „Запад“ повторно се појавува. Во заедничките руско-белоруски вежби тогаш учествуваат над 12.500 војници. Во 2013 година повторно се одржуваат вежби со тоа им е и станува јасно дека Москва и Минск ќе ги организираат редовно.

Сценариото и вистинските цели

Полковникот во резерва Виктор Кузнецов, учесник во „Запад-1981“, смета дека кои било големи учења не можат да бидат скриени од потенцијалниот противник. Напротив, за нив на големо се пишува во медиумите, на нив се дозволени набљудувачи, а воените аташеи на повеќето држави навремено добиваат планови за маневрите. Последново се прави со цел да се исклучат какви било инциденти кои би можеле да предизвикаат масовна предислокација на војници покрај границите.

Министерство за одбрана на РФМинистерство за одбрана на РФ

Паралелно со тоа, во текот на повеќето вежби се извршуваат задачи за кои странците не се информирани. Воените набљудувачи од другите држави претходно ја договараат маршрутата и се придружени со специјално назначени од Генералштабот офицери и многу од работите едноставно остануваат скриени за нив. На пример важен елемент од вежбите „Запад-2009“ и „Запад-2013“ беше проверка на борбената готовност на белорускиот систем за ПВО и неговата интеракција со рускиот. Секако, откриени се многу проблеми и слабости, но никој не го пријави тоа на странците.

„Запад-2013“ / Министерство за одбрана на РФ„Запад-2013“ / Министерство за одбрана на РФ

Улогата на набљудувачите

Според зборовите на извор на „Руска реч на македонски“ од штабот на Западниот воен округ (ЗВО) всушност присуството на набљудувачи од западните земји ќе биде од исклучителна корист за Русија. Присуството на претставници на НАТО ќе овозможи секоја критика од страна на Киев за закана од вежбите во Белорусија за суверенитетот на Украина да биде минимизирана. Паралелно со тоа нивното присуство ќе ги балансира и изјавите на лидерите на Балтичките републики за опасни маневри во близина на нивните граници.

Владимир Путин, Александар Лукашенко и Сергеј Шојгу / Министерство за одбрана на РФВладимир Путин, Александар Лукашенко и Сергеј Шојгу / Министерство за одбрана на РФ

Експертот потсетува на минатогодишното одбивање на НАТО да испрати претставници на вежбите „Кавказ-2016“. Присуството на набљудувачи на „Запад“ ќе ја покаже подготвеноста на НАТО да продолжи со дијалогот и со соработката со Москва. Тој е на мислење дека „присуството на набљудувачи на прво место е прашање на политика. Тоа претставува многу минимална закана за тајноста на сателитите и разузнавачката апаратура по должината на границите“.

Според зборовите на соговорникот на „Руска реч на македонски“, дури и во услови на современата затегната меѓународна средина, минатата година руските воени лица посетиле околу 10 воени настани на НАТО и ќе биде сосема природно Минск и Москва да пројават соодветното гостопримство. Во исто време е сосема природно Кремљ да очекува соодветни покани за војската и медиумите на големите маневри на Алијансата – на пример за летните вежби во Прибалтикот.

Поставените задачи ќе бидат исполнети

Спроведувањето на големите вежби ќе им овозможи на Москва и Минск да дознаат што успеале да постигнат за изминатите 4 години во областа на воената соработка. На пример колку ефикасна белоруската ПВО и руската авијација, која го чува и белоруското небо.

Извор на „Руска реч на македонски“ од воздухопловните сили на Русија истакна дека ваквите големи маневри ќе им овозможат на пилотите да го проучуваат подобро аеродромите на стратешкиот сојузник, специфичноста на активностите на службите за одржување. Важна задача ќе биде и брз трансфер на војници кон нивните места за распоредување.

Паралелно со ова, според зборовите на рускиот воен извор, присуството на набљудувачи од НАТО со голема веројатност ќе овозможи да бидат избегнати низа провокации во воздухот поврзани со краткотрајно нарушување на воздушниот простор, меѓусебно кревање на борбените авиони за следење во неутралниот воздушен простор. Ваквите нешта се вообичаени за војската, но силно пумпање политичките тензии во текот на идните учења најверојатно ќе биде избегнато.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња