Највпечатливите изјави на Виталиј Чуркин

Getty Images
За време на својата 10-годишна работа во ОН постојаниот претставник на Русија кој почина на 20 февруари, на многумина им остана во сеќавање според мошне важните, а понекогаш и прилично остри изјави.

Виталиј Чуркин, долгогодишен претставник на Русија во ОН почина во Њујорк на 20 февруари од срцев удар. Сочувство до неговото семејство упатија и граѓаните на Русија, меѓу кои и претседателот Владимир Путин, додека портпаролот на Министерството за надворешни работи Марија Захарова го окарактеризира Чуркин како „голем дипломат и близок човек“, а кон изјавите на сочувство се приклучија и дипломатите од целиот свет.

На пример, поранешната претставничка на САД во ОН Саманта Пауер за Чуркин напиша: „Дипломатски виртуоз и крајно внимателен човек кој направи сè што можеше за да ги премости разликите помеѓу САД и Русија“. Постојаниот претставник на Велика Британија во ОН Метју Рајкроф за покојниот руски дипломат рече дека тој бил „дипломатски џин и извонреден човек. За волја на вистината, на седниците на Советот за безбедност на ОН секогаш не паѓале во очи добрите односи на Чуркин со западните колеги, зашто рускиот дипломат, бранејќи ја позицијата на Москва, често даваше мошне впечатливи и остри изјави“.

„Како да е мајка Тереза“

Во декември 2016 година, одговарајќи на критиката на Саманта Пауер, која ги обвини сириските власти и Русија, која им е сојузник, за смртта на цивили во Алепо, Чуркин рече: „Претставничката на САД зборува како да е таа мајка Тереза. Сетете се која земја ја претставувате„ Сетете се што сè вашата земја има направено, па дури потоа почнете да размислувате од позиција на морална или на некоја друга супериорност. А, кој за што е виновен – мислам дека тоа најдобро ќе го определи историјата и Господ Бог“.

Обединетите нации не се ниту црква, ниту театар

По почетокот на сириската граѓанска војна, Чуркин често мораше да одговара на критиките на своите колеги. На пример, во октомври 2016 година заменик-генералниот секретар на OН за хуманитарни прашања Стивен Обрајан, ја опиша ситуацијата во Алепо (за која западните земји ја обвинија Русија) и цитираше стихови од средновековниот поет Роберт Бернс. Чуркин не одолговлекуваше со одговорот: „Доколку ни е потребна проповед ќе одиме во црква, а ако сакаме да слушаме стихови ќе одиме на театар. Од раководителот на секретаријатот на ОН се очекува објективна анализа на настаните. Вам тоа не ви појде од рака“.

Кој треба да се кае за Блискиот Исток?

Чуркин често ги потсетуваше претставниците на западните земји дека тие, според мислењето на Москва, се необјективни кога упатуваат обвинување кон Русија дека е виновна за смртта на цивилите во Сирија, додека за тоа се виновни токму самите земји од Западот. Во октомври 2016 година тој ги потсети дека единиците на меѓународната коалиција вршеле напади врз цивилното население. „Според тоа, почитувани колеги, многумина ќе мораат да ги искупат своите гревови и за ситуацијата во Сирија, и за ситуацијата во Ирак, и за многу други ситуации кои ни се познати“, рече тогаш Чуркин.

Фокландски острови, а не Крим

Како и другите руски функционери, Чуркин се придржуваше на ставот дека Крим, кој во 2014 година беше соединет со Русија, претставува недвојлив дел од Руската Федерација. Во февруари 2017 година, одговарајќи на постојаните повици на постојаните претставници на Велика Британија и на САД Русија да го врати полуостровот на Украина, рускиот дипломат рече: „Во уставот на САД се запишани прекрасните зборови 'Ние, народот'. Народот на Крим целосно јасно ја изрази својата волја на референдум (16 март 2014 година). Тогаш 93% од населението гласаше за припојување кон Русија“. На претставникот на Велика Британија Чуркин му предложи да ги „врати Фокландските острови на Гибралтар“, и други територии што ги има припоено, па дури потоа да ја подучува Русија.

Томас Џеферсон во Украина

Покрај Сирија, уште една важна тема за дискусија во Советот за безбедност на ОН беше ситуацијата во Украина. Во април 2014 година, дискутирајќи за редоследот на смената на власт во Украина (претседателот Виктор Јанукович беше сменет во државен преврат), Чуркин иронично го прокоментира оптимизмот на западните колеги: „Од некоја причина некои наши колеги мислат дека доколку некој преврат е вооружен, тогаш тоа задолжително значи дека демократите ќе дојдат на власт. Со други зборови, Томас Џеферсон задолжително мора да биде на чело на сето тоа“.

„Самите себеси си пукаа во нога“

Во септември 2015 година, коментирајќи ја одлуката на Вашингтон да ѝ се издаде на Валентина Матвиенко, претставник на Советот на Федерацијата на Русија на која ѝ беа воведени санкции од САД, да ѝ биде издадена ограничена виза за настап на њујоршкото седиште на ОН, Чуркин изјави дека САД ги злоупотребуваат своите привилегии на домаќин и нанесуваат штета на сопствениот имиџ. „Од гледна точка на пропагандата тие со таквата одлука самите себеси си пукаа во нога“ рече постојаниот руски претставник.

„Комфорна зона“

Водителката на Си-Ен-Ен Кристијан Аманпур, во 2014 година го обвини постојаниот претставника на Русија дека тој одбива интервју со неа зашто не сака да ја напушти „комфорната зона“ и да одговори на нејзините непријатни прашања. Чуркин ѝ одговори со отворено писмо: „Јас зборував во Националната катедрала во Вашингтон во 1983 година, две недели откако советскиот ловец по грешка го собори јужнокорејскиот патнички авион, а потоа сведочев во Конгресот на САД во мај 1986 година по катастрофата во нуклеарната електрана во Чернобил. Според тоа, јас секому можам да објаснам што значи 'да се излезе од комфорната зона'.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња