Самитот на Г-20 како дипломатска писта за Москва

Лидерите на Г-20 на самитот чиј домаќин беше претседателот на Кина Си Ѓинпин (центар) во Хангжу, Кина. Меѓу лидерите на фотоградихата се претседателот на САД Барак Обама (лево), канцеларката на Германија Ангела Меркел (шеста од лево), премиерот на Тајланд Прајут Чан-оча (седми од лево), премиерот на Сингапур Ли Хсиен Лонг (горе во центар), претседателот на Русија Владимир Путин (втор од десно) и претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.

Лидерите на Г-20 на самитот чиј домаќин беше претседателот на Кина Си Ѓинпин (центар) во Хангжу, Кина. Меѓу лидерите на фотоградихата се претседателот на САД Барак Обама (лево), канцеларката на Германија Ангела Меркел (шеста од лево), премиерот на Тајланд Прајут Чан-оча (седми од лево), премиерот на Сингапур Ли Хсиен Лонг (горе во центар), претседателот на Русија Владимир Путин (втор од десно) и претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.

AP
Разговорите во четири очи кои ги имаше рускиот претседател во рамките на дводневната средба на високо ниво донесоа реални позитивни резултати.

Пристрасниот избор на соговорниците, подредени според тежината и сложеноста на билатералните односи, би требало да се фокусира на три клучни фигури: турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, британскиот премиер Тереза ​​Меј и претседателот на САД Барак Обама.

Турски тек започнува

По неодамнешното помирување помеѓу Анкара и Москва, кое дојде по седум месеци од замрзнувањето на односите, разговорите во Хангџоу со „силниот човек“ Ердоган изведоа на прв план барем пет важни точки за пробивање.

Прво, заедничкиот руско-турски инвестициски фонд ќе проработи во октомври или ноември со кредитни линии понудени за профитабилни проекти. Второ, Москва го укинува ембаргото на прехранбени производи и поради тоа продолжува со увозот од турскиот земјоделски бизнис. Трето, се очекува да се забрза темпото на изградба од АЕЦ „Акјују“ во провинцијата Мерсин од страна на руски „Росатом“.

На четвртото место доаѓа подготвеноста на владата на Ердоган да се заврши повторната регистрација на сите дозволи за Турски тек, нафтоводот со кој треба да се транспортира гас по дното на Црното Море до европскиот дел на Турција. Првата линија треба да биде завршен до крајот на 2019 година. Покрај тоа Анкара покажа интерес за снабдување со сино гориво од Гаспром до границата со Грција, со можноста таа да стане транзитен центар за снабдување на корисниците од Европската Унија.

Покрај ова, Русија и Турција се близу до договор за слободна трговска зона, искористувајќи ја веќе изработената среднорочна програма за економска, техничка и научна соработка.

Тереза ​​Меј во улогата на Трамп

Британскиот премиер Тереза ​​Меј, која направи премиера на сцената, примени извонреден прагматичен пристап кон главните ривали. Таа се состана со Владимир Путин за прв пат и се обврза да работи за подобрување на односите, кои се под нулата, преку дијалог.

Цитат од снимањето на говорот: „Иако признавам дека помеѓу нас ќе има определени несогласувања, постојат некои комплексни и сериозни сфери кои се загрижувачки и теми кои треба да се дискутира. Се надевам дека ќе можеме да имаме искрени и отворени односи и дијалог“ рече Меј.

Нема пазарење за Сирија

Обама беше искрен во скептичната позиција по изгледите за прекинувањето на непријателствата во Сирија. Претседателот на САД, чиј мандат истекува, има причина да се сомнева. Вашингтон бара од Москва да изврши притисок врз Дамаск за запирање на воздушните напади насочени против „умерената опозиција“ (прозападните борци) и да создаде „хуманитарен коридор“, кој ќе води до северните региони на Турција.

Дури и ако Москва успее да го убеди Башар ал Асад да ја запре поддршката за воздушните напади на копнените делови, тогаш опозицијата на Асад и „Исламска држава“, кои се консолидираат во последно време и се во офанзива, освојувајќи ги изгубени територии, нема да бидат во искушение да го почитуваат воздржувањето што најверојатно би го покажала сириската влада.

Единствениот краен резултат од предлогот на САД може да биде пресврт кон обновување на граѓанската војна во Сирија.

Кремљ го избегнува бесперспективниот повик на Г-7

Во пресрет на самитот на Г-20, германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер предложи Русија да биде поканета да учествува на следниот самит на Г-7, ако докаже дека има доволен напредок во решавањето на кризите во Украина и Сирија.

Во одговор портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, објасни дека Москва има предност за Г-20, бидејќи овој формат „ја одразува најстарата целосна распределбата на силите и ѝ дава на Русија можност подобро да го распредели својот потенцијал“.

Во исто време, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров потврди дека Москва „не држи до формата Г-8“ и нема да презема иницијативи за повторно да влезе во овој ексклузивен клуб на западните сили.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња