Русија е втора воена сила на светот по САД

Евгениј Курсков / ТАСС
Според годишното рангирање на проценката на воениот капацитет на различни земји, Русија се најде на второт место во светот, веднаш зад Америка.

Руската војска е втора на светот според количеството борбени средства што ѝ стојат на располагање, судејќи според рангирањето на аналитичкиот сајт Global Firepower кој се занимава со истражување на воените капацитети на светските држави.

На прво место на списокот се наоѓаат САД, додека Кина е на трето место, со тоа што не е земено предвид нуклераното, ами само конвенционалното вооружување.

Русија е пред Америка според бројот на тенкови, 15.000 наспрема 8.000, додека според бројот на летала ситуацијата е обратна – САД во составот на своето воздухопловсѕво имаат 13.444, а Русија 3.547 летала.

Вкупната вредност на нарачките на руската воена индустрија надминува 50 милијарди американски долари. Задачата на Русија е да ја зголеми оваа сума, компензирајќи го со оружје падот на цената на нафтата. Русија, пак, ги поседува сите можности да го направи тоа, со оглед на фактот дека руското оружје што го има поминато тестирањето во вистински воени конфликти, неколкукратно ја крева привлечноста во очите на потенцијалните клиенти. „Руска реч на македонски“ направи список на 5 видови оружје, кои веќе го минале „огненото крштевање“.

Во една друга студија, која претходно ја направија финансиските аналитичари на Credit Suisse (швајцарска компанија за финансиски услуги), руската војска е исто така ставена на второ место меѓу светските армии. Исто како и на листата на сајтот Global Firepower, и тука воените сили на различни држави се споредуваат според воените капацитети, не сметајќи го нуклеарното оружје, но и други неконвенционални средства. Резутатите се исти, барем кога станува збор за првите три места – нив ги зазедоа САД, Русија и Кина.

Кон крајот на 2015 година американската КОнгресна истражувачка служба исто така објави извештај за развојот на пазарите за конвенционално оружје од 2007 до 2014 година.

Според овој документ, Русија и САД се водечки земји во поглед на испораките на вооружување на земјите во развој, при што во наведениот период тие си ги менувале местата во зависност од годината.

Во наведениот временски интервал САД потпишаа договори за испорака на воена опрема за земјите во развој во вредност од 115 милијарди американски долари (што изнесува 46.3% од вкупната вредност на вооружувањето испорачано во овие земји, додека вкупната вредност на руските договори изнесува 41.7 милијарди долари (односно 16.8% од вкупната вредност на испораките).

 

Тенкови

Вкупен број летала

Вкупен број пловика

Воен буџет

1. САД

8.800

13.400

437

$581,000,000,000

2. Русија

15.400

3.500

352

$46,600,000,000

3. Кина

9.200

3.900

673

$155,600,000,000

4. Индија

6.500

2.000

200

$40,000,000,000

5. Велика Британија

400

900

66

$55,000,000,000

6. Франција

400

1.300

113

$35,000,000,000

7. Јужна Кореа

2.400

1.500

166

$33,200,000,000

8. Германија

400

700

81

$36,300,000,000

9. Јапонија

700

1.600

131

$40,300,000,000

10. Турција

3.800

1.000

115

$18,185,000,000

11. Израел

4.200

700

66

$15,600,000,000

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња