Очекуваме официјално извинување од турската страна

Ројтерс
Амбасадорот на РФ во Турција Андреј Карлов во интервју за РИА Новости зборува за тоа што може да ја очекува Турција по влошувањето на билатералните односи, каква е судбината на заедничките енергетски проекти и како Анкара може да ја поправи грешката.

За иднината на руско-турските односи

„Претседателот на РФ Владимир Путин на самиот почеток рече што Турција треба да направи <...>. Очекуваме турската страна официјално да се извини, да се казнат виновниците и да се компензира штетата што ѝ е нанесена на нашата држава. Секако не се доволни изјавите на турската страна дека Турција жали за она што се случи“.

„Ние успешно ги развивавме економските односи со Турција, имавме размена на стока од над 30 милијарди долари. Во Турција годишно заминуваа 4.5 милиони руски туристи. Од друга страна, постојат определен број земји со кои нашите односи со децении не се развиваат, иако тие формално постојат. Ете, такви отприлика ќе бидат и нашоте односи со Турција доколку Анкара не ги промени својот став“.

За обвинувањата дека Русија го нарушила возушниот простор на Турција

„Секој пат бараме од турската страна да ни ги предочат податоците од објективната контрола [кој докажуваат дека е дојдено до повреда на воздушниот простор]. Одговорно можам да тврдам дека ги немаме добиено овие податоци, ниту податоците за соборувањето за нашиот авион“.

„Во последниот случај, на 29 јануари, турската страна се повика на НАТО, кој, божем, прв ја воочил оваа повреди. Ние и од НАТО побаравме податоци од објективната контрола, и исто така не добивме ништо. Доколку тие податоци се тајни како што тврдат, се поставува прашањето од кого ги кријат? Нас отворено нè обвинуваат за повреда на границата, а вистоврмено тврдат дека доказите се држат во тајност. Ние тоа не го сфаќаме“.

За економските последици за Турција

„На многу турски испорачатели ќе им биде многу тешко некој ден да се вратат на рускиот пазар, а можеби и ќе биде невозможно, зашто нивното место го зазедоа египетски, израелски, азербејџански и ирански компании“.

„Според најновите податоци на истражувачкиот институт Turkish Social, Economic and Political Research Foundation. Турција поради влошувањето на односите со Русија ќе изгуби 11 милијарди американски долари. И не може да се каже дека Русија претерува, зашто тоа се бројки што ги наведува турската страна“.

За проектите во сферата на енергетиката

„Проектот (нуклеарката Акуја) од наша страна не е запрен и перспективите за негова реализација сега зависат од турската страна. <...> Постои голем список на она што турската страна треба да го направи. Она што во подготвителната фаза зависеше од Русија е практично во целост исполнето“.

„Руската Федерација не се одрекува ниту од Турски тек, но во овој случај уште повеќе може да се каже дека Турција го има следниот потег. <...> Минатата година турската страна не успеа да отпочне преговори за меѓувладина спогодба зашто политичката ситуација во Турција беше напрегната и двапати беа организирани избори. Во сегашниве услови мошне е тешко да се прогнозира иднината на овој проект“.

За државјаните на Русија што сакаат да се приклучат на ИДИЛ

„Турција не сакаше да оствари целосна соработка со нас, така што не можеме точно да кажеме колку наши државјани се приведени на турско-сириската граница поради сомнеж дека имаат врска со ИДИЛ. Можам само да се потпрам на бројките што ги изнесе министерот за внатрешни работи на Турција Ефкан Ала. СПоред неговата изјава, во Турција во 2015 година се приведени вкупно 2.783 странци од 89 земји. Турските медиуми, повикувајќи се на свои извори, пишуваа дека меѓу нив има околу стотина државјани на Русија, а јас мислам дека овој број е доста реален“.

„Државјаните на РФ за кои се смета дека се поврзани со ИДИЛ мошне често не се врашќаат во Русија, туку се препраќаат во трети земји, со кои ние немаме дипломатски односи (Грузија) или со кои имаме затегнати односи (Украина). Доколку лице осомничено за поврзаност до ИДИЛ се испраќа во овие земји, ние практично немаме можност да ги изведеме пред лицето на правдата“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња