Секс на работно место?

Извор: Аљона Репкина

Извор: Аљона Репкина

Русите одат на работа, меѓу другото, и за да се дружат и за да се сакаат. Не секоја девојка ќе остане да работи во претпријатие во кое работат само жени без перспектива за градење на личниот живот. И не секој маж би се радувал на исклучиво момчешко опкружување без можност да флертува со колегите во сукњи.

Љубов на работно место е како во сериски филм. И непосредните херои, и гледачите добиваат нови впечатоци, емоции и дополнителен стимул да одат на работа за да ги проследат најновите развои на настаните. Народното правило „не спиј со оној со кој работиш“ често се нарушува. 

Тимбилдинг зачинет со вотка
Доколку извесно време по социјалистичката револуција советските луѓе сè уште активно оделе на партиските собири и со интерес ги слушале пропагандистичките говори за „големите цели на фабриката за предвремено исполнување на петгодишниот план“, од кои зависела судбината на пролетерската револуција во сиот свет, веќе во педесеттите и во шеесеттите години од 20 век ваквиот ентузијазам спласнал.

„Ми текнува како еднаш на работа моравме да ги отстраниме камерите од ходниците крај скалите“, се сеќава шефот на службата за безбедност на еден бизнис-центар. “„Ми дојде раководителот на една од фирмите на катот и побара од мене да ги видиме снимките од камерите од последните два дена. Седиме со него и ги гледаме. Причина за тоа беше што недостасувал принтер во нивната фирма. Откако ги погледнавме снимките од последните неколку дена, сфативме дека нашите скалила се љубовен агол. Принтерот на снимките не го ни видовме. Следниот ден дојдоа раководителите од други фирми на катот и напишаа молба со барање да се отстранат камерите на нивните катови. Тие не им помагаа во безбедноста, а, од друга страна, не сакаа да собираат компромитирачки материјал за своите работници“. 

Сепак, ова сосема не говори за тоа дека Русите се разуздани и дека не ги прифаќаат моралните правила. Статистиката сведочи за нешто сосема спротивно. Според анкетите повеќе од половината Руси ја нашле својата љубов меѓу колегите. И тука постои голема разлика од советските времиња. Во времето на Советскиот Сојуз постоеја клубови на интереси, каде луѓето можеа да се запознаат и да дознаат повеќе еден за друг. Во изменетата канцелариска средина луѓето имаат малку време за личниот живот, па солидната комуникација со колегите е добра варијанта за наоѓање постојан животен сопатник, што е својствено и за западните корпорации. Сепак, руската специфика има свое влијание и тука. Русите, особено жените, се склони кон брак, сметаат дека тоа е неопходен услов за среќен живот. Речиси 80% од Русинките, според анкетата на SuperJob сметаат дека постоењето семејство е главен критериум за среќен живот, а успехот во кариерата е на второ место.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

This website uses cookies. Click here to find out more.

Accept cookies