Русите ги наведоа најистакнатите научници во руската наука

Според мислењето на Русите, Дмитриј Менделеев и Михаил Ломоносов се најистакнатите научници во руската наука, а најпознат историчар е Николај Карамзин.

Според анкетата на „Левада-центарот“, 23% Руси изјавиле дека го сметаат хемичарот Дмитриј Менделеев за најзначаен научник во домашната наука.

Второто место е за основачот на Московскиот државен универзитет, првиот руски академик Михаил Ломоносов (18%). На трето место е основоположникот на практичната космонаутика Сергеј Корољов (12%).

Како најпознат историчар е наведен Николај Карамзин (17%). На второ место се Василиј Кључевски и Сергеј Соловјов – секој по 6%. Третото место го делат Лав Гумиљов и Василиј Татишчев, пренесува „РТ“.
 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња