Руското Министерство за одбрана првпат објави снимка од ракетниот систем „Авангард”

Скриншот

Руската хиперсонична ракета може да ги избегне сите системи за противракетна одбрана.

Министерството за одбрана на Руската Федерација соопшти дека се завршени работите над ракетниот систем „Авангард“ со принципиелно нова опрема: хиперсоничен крстосувачки боев блок.

Рускиот одбранбени ресор првпат објави видеоснимка на која е прикажано лансирање на оваа ракета.

Исто така во анимиран вид е прикажано како ракетата без посебни проблеми може да ги избегнува системите за противракетна одбрана.

„Крстосувачкиот борбен блок на ракетниот систем „Авангард“ може да лета со хиперсонична брзина, изведувајќи наведувано маневрирање, како странично, така и во висина, што му гарантира сигурен лет“, го коментираше лансирањето на новата компонента на руската одбрана заменик-командантот за вооружување на Ракетните сили за стратешка намена Сергеј Пороскун.

Министерството за одбрана истакна дека Русија продолжува да развива и реализира проекти кои значително ќе ја унапредат безбедноста на државата. Создавањето нови стратешки системи за вооружување е насочено кон зголемувањето на одбранбената способност на Русија, спречување каква било агресија спрема неа и нејзините сојузници, објави сајтот на телевизијата „Ѕвезда”.

Прочитајте повеќе: „Авангард“ ќе може да ја издржи температурата која се создава при брзина од 25000 км/ч

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња