Извор: Ројтерс
Министерот за одбрана на Руската Федерација изјави дека вонредната проверка на подготвеноста на војската нема никаква врска со случувањата во Украина. Но, руското министерство за надворешни работи повторно ја изразува својата загриженост поради неисполнувањето на Спогодбата од 21 февруари и го повикува Западот да ги заузди украинските национални екстремисти и да го почитува неблоковиот карактер на оваа држава.
Според мислењето на Москва, и понатаму не се реализира спогодбата за регулирањето на кризата во Украина, која беше потпишана на 21 февруари. „Милитантите сè уште го немаат предадено оружјето, ги немаат ослободено административните згради, велата дека сакаат да 'вопостават ред' во сите региони на Украина“, се вели во изјавата на руското министерство за надворешни работи.
![]() |
Арапската пролет дојде во Киев Искуството на револуциите во Тунис и во Европа ја тераат Русија да биде загрижена за понатамошната судбина на Украина.. |
Министерството за надворешни работи на Руската Федерација искажа загриженост што наместо влада на националното единство во Киев е основана „влада на победниците“, во која се вклучени претставници на националните екстремисти. Русија повика да не се „допушти понатамошна поларизација на општеството како резултат на радикалните акции“. Сериозна вознемиреност во Москва предизвикува и укинувањето на законот „За основите на државната јазична политика“ и иницијативата на политичарите во Киев кои доведуваат до понатамошно намалување на правата на малцинствата, до ограничување на слободата на медиумите, забрана за работа на определени политички партии.
„Забележуваме зачестени повици на западните држави Русија да соработува во врска со прашањата кои се поврзани со ситуацијата во Украина. Тоа одамна го предлагавме, многу порано од моментот кога кризата дојде до својата горлива фаза, но тогаш нашите колеги не беа во целост расположени за тоа. Сепак, подготвени сме за заемна соработка, но само со гаранции дека таквата соработка ќе биде чесна, дека таа ќе се заснова на исполнување на договорите кои треба да ги имаат предвид интересите на сиот украински народ и на сите украински партнери“.
Особено незадоволство кај Москва предизвикуваат зборовите на генералниот секретар на НАТО дека членството на Украина во оваа организација мора да биде приоритетна задача за Киев. „Сметам дека веднаш треба да се престане со провокациските изјави и да се почитува неблоковиот статус на Украина, втемелен во нејзиниот закон 'За основите на внатрешната и на надворешната политика'“.
Кремљ стравува од погром врз Руситe
Руските политичари и стручњаци едногласно изјавуваат дека Москва не е заинтересирана за распад на Украина. „Минатиот четврток бев во Харков на конгрес на пратениците на сите нивоа на југоисточната област на Украина и на Крим. Некои новинари го нарекуваа 'конгрес на сепаратисти'. Сакам да изјавам дека тоа не е вистина. Не слушнав никакви сепаратистички повици. Слушнав само зборови на одговорни политичари, кои се грижат за територијалната целосност на Украина, за нејзин развој и модернизација, за искоренување на корупцијата во политиката, за иднината на Украина како унитарна држава, можеби федеративна, можеби конфедеративна“, изјави шефот на меѓународниот комитет на Советот на Федерацијата Михаил Маргелов.
Директорот на Институтот за земјите од ЗНД Константин Затуллин за „Московски комсомолец“ изјави дека Русија „нема да дозволи пресметки“ со Русите на Крим, но притоа се застапува за преговори помеѓу пратениците на Врховниот Совет на Крим и на градското собрание на Севастопољ со новите власти во државата, како и за нормализација на состојбата.
Општото расположение го формулираше и аналитичарот на конзервативниот весник „Взгљад“ Пјотр Акопов: „Доколку во градот (Севастопољ) се пролие крв, Москва, тргнувајќи како од надворешнополитичките, така и од внатрешно-политичките интереси, нема да може да стои отстрана и мирно да набљудува“. Сепак, тој подвлекува дека Русија не е заинтересирана за поделба на Украина: „Тргнувајќи од долготрајните интереси на рускиот народ и држава, заинтересирани сме да ја вратиме целата република во сојузнички односи, а не тајно да го одвлекуваме полуостровот или пограничните подрачја“.
Во оваа смисла руските војници ја негираат врската на воените вежби со случувањата во Украина. Според зборовите на министерот Шојгу, размерите на вежбите се големи, што значи дека во определени моменти ќе се извршуваат во непосредна близина на руските граници со другите држави, вклучително и со Украина. Сепак, категорично ги отфрлам претпоставките за обид на ваков начин да се испрати сигнал до соседите. „Фантазијата на нашите стручњаци, вклучувајќи ги и воените, е неограничена“, изјави Шојгу.
Вчера за „Московски комсомолец“ извор од Министерството за одбрана на Руската Федерација ја демантираше информацијата за какво било преместување на оклопните транспортери на морската пешадија на Руската Федерација на Крим: „Црноморската флота не е покрената во вонредна проверка на војската која во моментов се одвива. Засега не постои ниту една фотографија на колона од овие оклопни возила. Најверојатно станува збор за дезинформација“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче