Русија и Турција со различни гледишта

Извор: AP.

Извор: AP.

На 17 април во Истанбул шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров имаше разговори со својот турски колега Ахмет Даватоглу. Според резултатите од средбата тие издадоа заедничко соопштение, од кое стана јасно дека помеѓу двете земји не постојат никакви спротивставени мислења. Но, за време на настапите на министрите се покажа дека за клучните прашања, како што е Сирија, нивните погледи кардинално се разликуваат. Како што потоа стана јасно, Турција сè уште ѝ го нема вратени на Русија товарот, кој незаконски беше конфискуван од авионот кој минатата година беше пресретнат, а чија крајна дестинација беше Дамаск.

Целта на преговорите беше подготовка за договорената средба есенва помеѓу претседателот на Руската Федерација Владимир Путин и премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган во рамките на Советот за соработка на високо ниво. По завршувањето на двочасовните преговори министрите издадоа заедничко соопштение, во кое „со задоволство“ беше забележано „отсуството на двострани проблеми помеѓу Руската Федерација и Турција“. 

Од документот може да се заклучи дека трговско-економските врски помеѓу двете земји одат во нагорна линија, стратешкото партнерство во енергетската сфера се зајакнува, а хуманитарните и културните односи се рашируваат. 

Доколку се верува на соопштението целосна хармонија помеѓу Москва и Анкара владее и во меѓународните односи, вклучувајќи ја и Сирија. Во документот се вели дека шефовите на дипломатијата „ја изразуваат својата сериозна загриженост за жртвите, за масовните разурнувања и за човечките страдања во Сирија“ и дека имаат намера „да ја продолжат соработката согласно (женевското. – заб. ред.) коминике за „Групите на дејствување“ за Сирија од 30 јуни 2012 година“. 

Меѓу другото за време на прес-конференцијата која следуваше потоа излезе дека двете страни на различен начин го толкуваат ова коминике. Според мислењето на Русија, во него воопшто не се ни споменува дека главен услов за почеток на политичкиот дијалог во Сирија е оставка на претседателот Башар ал Асад.

Имено несогласувањата во врска со Сирија минатата есен предизвикаа сериозно заладување на односите помеѓу Руската Федерација и Турција, откако авионот на компанијата SyrianAir кој леташе од Москва за Дамаск беше пресретнат над територијата на Турција од страна на два истребувачи F16, кои го принудија да слета на аеродромот во Анкара.  

Лавров потсети дека „земјите кои се обложуваат на војна до победоносниот крај создаваат вештачки пречки на патот кон преговорите, покренувајќи ја како претходен услов смената на режимот“. А, ова, според мислењето на премиерот е „апсолутно нереално“. 

„Изборот е мошне едноставен, појасни Лавров. – Доколку приоритет е прекратувањето на конфликтот, тогаш треба да се натераат сите што војуваат таму да престанат да го прават тоа бек какви и да се претходни услови и да се убедат да седнат на преговарачка маса. Доколку приоритетот е заминување на ал Асад, тогаш во отсуство на објективни можности да се направи тоа, цената на ваквиот приод ќе бидат новите животи на обичните Сиријци“. 

Даватоглу, пак, има поинакво мислење. „Кризата во Сирија е резултат на насилството што го врши режимот на ал Асад врз сопствениот народ“, изјави тој. 

Според шефот на турската дипломатија Анкара „од самиот почеток на сириската криза ги замолила и ги предупредувала и ал Асад и луѓето во неговото опкружување да го прекинат насилството врз сирискиот народ“, но овие нивни молби биле залудни. „За жал, кризата не можеме да ја решиме со политичко-дипломатски методи“, констатира тој. 

Според руски дипломатски извори, во разговорите зад затворени врати Ахмет Даватоглу го повикал Сергеј Лавров да се договорат за мерките во случај политичкиот дијалог во Сирија да заврши неуспешно. Шефот на руската дипломатија, пак, одговорил дека за почеток би било добро тој дијалог да почне, а дури потоа да се разработуваат мерки во зависност од неговите резултати.

Имено несогласувањата во врска со Сирија минатата есен предизвикаа сериозно заладување на односите помеѓу Руската Федерација и Турција, откако авионот на компанијата SyrianAir кој леташе од Москва за Дамаск беше пресретнат над територијата на Турција од страна на два истребувачи F16, кои го принудија да слета на аеродромот во Анкара. 

Турските власти објавија дека во авионот имало оружје. Меѓу другото во одделот за багаж на авионот се наоѓаа само 12 сандаци со технички елементи за сириските радиолокациски станици и документација за нив. 

Подоцна турските власти ја признаа грешката, но товарот не го вратија. Според руски дипломатски извор, Москва испратила до Анкара неколку ноти со барање да се вратат сандаците. Истото го направи и Дамаск. Но, турските власти не се одѕваа на ниту една од нив и, според изворот, прашањето остана нерешено.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња