Рускиот Премиер Дмитриј Медведев пристигнува со хеликопер пред седиштето на руската Влада во Москва. 27 март, 2013. Извор: AP.
Претседателот на владата Дмитриј Медведев е првиот од раководните лица на земјата кој почна да лета на италијански хеликоптер од марката Agusta AW139. Премиерот Медведев во петокот ја напушти Белата куќа во Москва со хеликоптер.
Фотографиите од Москва од птичја перспектива и хелидромот близу зградата на владата премиерот ги објави на својата страница на Фејсбук.
Претседателот Владимир Путин засега му останува верен на рускиот Ми-8.
Во воздушниот парк на владата има два италијански хеликоптери. Основниот комплет на хеликоптерот чини од 6 до 9 милиони американски долари. Моделот AW139 ќе се произведува во Русија, но хеликоптерот на кој леташе Дмитриј Медведев е произведен во Италија.
Колку често првите лица ќе ги користат хеликоптерите, сè уште не се знае.
- Со кој хеликоптер и авион ќе лета премиерот одредува Федералната служба за обезбедување, - појасни секретарот за односи со јавноста на премиерот Наталија Тимакова.
Во Управата за општи работи на претседателот рекоа дека италијанските хеликоптери нема да ги заменат руските Ми-8МТВ, на кои обично претседателот и премиерот, туку тие претставуваат само дополнување на паркот.
- Ние настојуваме да купуваме руска техника, а Agusta ја купивме зашто кај нас сега засега не се произведува хеликоптер од ваква класа, затоа и ги купуваме како дополнување, - додаде секретарот за односи со јавноста при Управата за општи работи на претседателот Виктор Хреков.
Тест пилотот Вадим Базикин исто така смета дека Agusta AW139 нема да стане основен хеликоптер на првите лица во земјата.
Претседателот претпочита да користи техника од руско производство, а тоа е поврзано и со фактот што хеликоптерот на првиот човек на државата ги има сите потребни средства за воспоставување врски.
Дмитриј Песков
гласноговорникот на претседателот
- Agusta е летачки Мерцедес, тоа е убав, современ и комфорен хеликоптер. Но, со него може да се лета само на кратки растојанија. По два часа летање патникот веќе се заморува. Ми-8 е поголем, во него има дури и тоалет. Освен тоа италијанските хеликоптери се предвидени за слетување на асфалт, а нашиот Ми-8 може да слетува и на камења и на земја, - го оценува изборот на премиерот заслужениот пилот на Русија Вадим Базикин.
AgustaWestlandдолги години произведува модели на хеликоптери за првите лица на државите. Токму оваа компанија право нови летала за претседателот на САД. Agusta AW139 исто така беше земена под наем за лидерот на Украина Виктор Јанукович.
Истиот ден кога премиерот Дмитриј Медведев леташе во Горки на Agusta AW139, претседателот Владимир Путин одлета од Внуково во резиденцијата во Завидово на Ми-8.
- Претседателот претпочита да користи техника од руско производство, а тоа е поврзано и со фактот што хеликоптерот на првиот човек на државата ги има сите потребни средства за воспоставување врски, - изјави за „Известија“ гласноговорникот на претседателот Дмитриј Песков.
Дмитриј Медведев со задоволство ја користи странската авиотехника. За време на неговото претседателствување Специјалниот летачки одред „Русија“ купи два француски авиона Dassault Falcon 7X, со кои Дмитриј Медведев продолжува да лета и како премиер. Есента 2012 година од авионскиот одред дојде и авионот Airbus Corporate Jet ACJ319, на кој претседателот веќе неколкупати леташе на службено патување.
Комбиниран текст врз основа на материјалите од Известија и од РИА Новости.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче