Спортистите без виза во Русија

Владимир Путин во посетата на Казањ. Извор: Press Photo.

Владимир Путин во посетата на Казањ. Извор: Press Photo.

Претседателот Владимир Путин е задоволен од текот на подготовките за Универзијадата во Казањ. Шефот на државата е воодушевен од грандиозната изградба на објектите, што се одвива со мошне забрзано темпо. Отворајќи ја седницата на Советот за развој на физичката култура и на спортот, Путин изјави дека Русија има намера да им понуди на спортистите-учесници на спортските акции до 2018 година безвизен влез во Русија.

„Видов што се случува. Имам чувство дека Казањ постепено станува спортска престолнина на Русија. Во тек се грандиозни градби и тоа со забрзано темпо. Тоа импресионира. Но, не смееме да се опуштиме. Мораме внимателно да го согледаме она што е направено и она што мораме да го направиме“, изјави Путин.

Отворајќи ја седницата на Советот за развој на физичка култура и спорт, Путин потсети на одлуката за воведување безвизен режим за спортистите што ќе ја посетат Русија до 2018 година.

„Универзијадата во Казањ отвора цел низ спортски акции на меѓународно ниво, а кои ќе бидат одржани во Руската федерација. Според тоа како ја организираме нашата работа тука, ќе се суди за нашите можности, за нашата одговорност. До 2018 година во Русија треба да се одржат околу 20 големи меѓународни натпревари и светски првенства. Ќе биде правилно ако на сите спортисти-учесници на овие натпревари им овозможиме безвизен режим“, - нагласи Путин.


Не смееме да се опуштиме. Мораме внимателно да го согледаме она што е направено и она што мораме да го направиме.

Владимир Путин

Претседателот ги посети трите основни објекти на Универзијадата: Дворецот на водните спортови, стадионот „Казањ Арена“ и Центарот за уметничка гимнастика. Шефот на Република Татарстан Рустам Миниханов реферираше за финансискиот дел од подготовките. „За изградба на спортските објекти, за транспортната инфраструктура и за сервисните објекти издвоени се 228 милијарди рубли (околу 7 милијарди и четиристотини милиони американски долари), од кои 67 милијарди од федералниот буџет, 81 милијарда од републичкиот буџет, а 62 милијарди се буџетски кредит. Овој долг е реструктуризиран и подоцна ќе мора да биде вратен. Осумдесет милијарди рубли, пак, изнесуваат средствата на приватните инвеститори, - изјави Миниханов.

Таа уникатност се огледа во сè. Првата причина е огромната површина на стадионот. Металната покривна конструкција се потпира на осум столбови, кои се оддалечени 100-120 метри еден од друг, таа тежи 11 илјади и 300 тони! Ова е најцврстата конструкција во овие климатски услови. Арената може да издржи 500 килограми товар на еден квадратен метар. 

Студентските игри опфаќаат натпреварувања во 27 спортови. Спортистите ќе се борат за 351 комплет медали, чии макети му беа претставени на претседателот Путин. Деновиве штафетниот оган на Универзијадата ќе мине низ 30 градови на Русија и низ 43 центри на локалната заедница на Република Татарстан, а во Казањ ќе стаса на 6 јули, кога започнува Универзијадата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња