Карикатура: Алексеј Иорш
Еден од основните вектори на државата политика на Македонија веќе долги години е европската интеграција. Од 2005 година на земјата ѝ беше доделен статус на кандидат за членство во ЕУ, а во 2009 година Македонија доби право за безвизен режим во земјите од Шенген-зоната, но во последно време прогресот во овој правец е запрен, а почетокот на официјалните преговори за врез во ЕУ се пролонгира веќе неколку години.
Европската Унија претставува привлечна перспектива за сите источноевропски економии, без разлика на различните резултати на земјите кои веќе се наоѓаат во неа. Дури и Виктор Јанукович, кој беше традиционално ориентиран кон проруските избирачи во источна Украина, во потрага по електорална поддршка стапна на ризичен пат во европската интеграција. Европската Унија е уште попривлечна за Македонија зашто таа нема никакви други интеграциски алтернативи. Во сферата на енергетиката, пак, Македонија го хармонизира своето законодавство со Третиот енергетски пакет на ЕУ, а истото ќе треба да го направи и на пазарот за гас.
Како дополнување на ова, Македонија не е многу зависна од рускиот гас. Гаспром за Македонија е единствениот испорачувач – овој гас во земјата стасува преку мал гасовод од територијата на Бугарија. Но уделот на гасот во вкупната потрошувачка на енергија, а исто така и за добивање електрична енергија, изнесува само околу 5%. Националниот енергетски сектор е ориентиран најмногу на јаглен, и, без оглед на порастот на потрошувачката на гас во последно време, пред властите не стои остра неопходност за добивање дополнителни испораки.
Многу понеопходно е добивањето инвестиции и средства за транзит на гасот во износ од стотици милиони долари, а исто така и создавање нови работни места – затоа властите во Македонија се наоѓаат пред избор кој не е едноставен.
![]() |
Гас „за внатрешна потреба“ Србија и Македонија ризикуваат да се заплеткаат во сопствените политички пресметки. |
Сличен избор е поставен и пред властите на Србија, следната земја на патот на гасоводот, како и пред Албанија, која би можела да стане алтернатива за Македонија, иако кај овие две земји постојат свои особености кои треба одделно да бидат разгледани. Во сиве овие случаи постои ризик од откажување, а и со Грција не е сè докрај јасно.
Во исто време треба да се спомене дека Турски тек суштински се разликува од Јужен тек, а разликата се однесува не само на маршрутата, туку и на организацијата, на идеологијата на проектот.
Подготовките за Јужен тек започнаа пред донесувањето на Третиот енергетски пакет на ЕУ, така што тој беше противречен на овој пакет.
Турски тек стартува во поинакви услови: сега е јасно дека Гаспром ќе мора да се соочи со Третиот енергетски пакет, но и Европската Унија не треба да смета на тоа дека Гаспром за своја сметка ќе ја изгради сета неопходна инфраструктура.
Сега не постојат претпостави за тоа дека изградбата на продолжението на Турски тек по границата со Турција противречи на Третиот енергетски пакет. Постојат можности да се постави планираната инфраструктура во согласност со европското законодавство така што Европската комисија и властите на балканските земји би немале причина да се откажат.
Гаспром е заинтересиран за ова, со оглед на фактот дека јужната маршрута за извоз во ваков или во онаков вид ѝ е потребна на компанијата. Теоретски постои можност да се функционира и без неа и Гаспром да се откаже од транзитот преку Украина за сметка на Северен тек и за сметка на изградба на втора траса на гасоводот Јамал-Европа, но засега ова не се најпривлечните алтернативи.
Александар Курдин е началник на управата за стратешки истражувања во енергетиката на Аналитичкиот центар при Владата на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче