Зошто Русија е против влегувањето на Украина во НАТО?

Карикатура: Алексеј Иорш

Карикатура: Алексеј Иорш

На Запад е раширено мислењето дека руската политика, кога станува збор за кризата во Украина, е предодредена од личните амбиции на претседателот Владимир Путин. Во Русија, пак, напротив, се смета дека оваа криза е предизвикана од ширењето на сферата на влијанието на Западот на исток. Ова ширење создаде ситуација на „игра од нулта вредност“ на постсоветското пространство, каде што некои земји се повеќе поврзани со Русија од други. Во кризата во Украина Москва ги штити своите национални интереси, а некои од нив за Русија се од животна важност.

Ќе се обидам да ја објаснам политиката со помош на контрафактичка аналогија. Да замислиме дека пред 23 години не се распадна СССР, туку дека се распаднале САД. Како резултат на тоа крајбрежните и граничните држави Вашингтон, Калифорнија, Аризона, Њу Мексико, Тексас, Флорида и Џорџија се одвоиле од САД. Некогашните Соединети Држави го изгубиле правото на излез на Тихиот Океан, а клучните објекти на државната инфраструктура, како што се космодромот, воените бази и пристаништа, нафтоводите и железничките пруги, GPS-центрите и индустриските објекти, останале на териториите на други држави. 

Апологија на недореченоста
„Во свое време Достоевски рекол дека во светот се појавило многу несреќа поради недоразбирање и недореченост. Поаѓајќи од тие размислувања, поаѓајќи од тоа дека одвреме-навреме не го зборуваме она што сме сакале да го кажеме, ние ја одржавме оваа средба во духот на искреноста и отвореноста“.

Во следните дваесетина години Вашингтон работел врз обновување на стопанството и на создавање алтернативни инфраструктури во услови кога новите соседи одбиваат да соработуваат со САД. Но, некои од поранешните американски територии сакаат да го обноват сојузот и Вашингтон со нив ја одржува соработката. Во ваква ситуација влијателната и прогресивна сила почнува да го засилува своето присуство во Северна и во Латинска Америка, вршејќи експанзија од Куба. Надворешната сила на некогашните Соединети Американски Држави им предлага воен сојуз и економска интеграција под паролата „земјите имаат суверено право да го изберат својот пат“. Меѓу САД и оваа надворешна сила започнува „игра од нулта вредност“. Триењето доведува до конфликт околу космодромот на Флорида и околу воената поморска база во Сан Диего во Калифорнија. Во оваа борба надворешната сила ја шири својата сфера на влијание, а САД ги штитат своите интереси. Сето ова е логично. 

Истата логика ја објаснува политиката на Русија во Украина. Таа ги штити своите интереси: воената база на Крим, транзитот на енергенси во Европа, трговско-индустриската соработка и правото на руското население. Кога би биле на местото на Москва, САД би го сториле истото. 

Но, во стварноста своето присуство во Новиот свет не го засилува европската држава, туку НАТО и САД го прават тоа во Стариот свет. Според логиката на Брисел и на Вашингтон, земјите од постсоветските простори имаат суверено право да избираат во какви политички, економски и воени сојузи ќе влегуваат. Но, големите земји што се надвор од НАТО се прашуваат: Каква е улогата на оваа организација на континентот и од кого планира да се брани? 

По Втората светска војна НАТО беше замислен како одбранбена алијанса против СССР. По распадот на Советскиот Сојуз следуваше обид на воениот потенцијал на НАТО да му се припишат глобални функции. Имено, НАТО се подготвуваше да се брани од целиот свет. Така, во последниве 20 години НАТО двапати се бранеше од Југославија, а, исто така, и од Авганистан и од Либија. Членките на НАТО во 2003 година расправаа за тоа дали треба да се бранат од Ирак и најрешителните меѓу нив решија дека треба. Во контекст на украинската криза заменикот на генералниот секретар на НАТО, Александар Вершбоу, изјави дека НАТО гледа закана во Русија. Тој го повтори истото она што го изјавуваа определени американски сенатори, како и лидерите на балтичките земји и на Полска. 

ОДКБ ќе ѝ помогне на Москва да ја реши кризата во Украина
На 23 декември во Москва се одржа редовниот самит на Организацијата на договорот за колективна безбедност (ОДКБ) кој помина истовремено со заседанието на Високиот евроазиски економски совет (ВЕЕС). И двата во суштина редовни настани добија голема политичка важност поради надворешниот контекст. Финансиската криза во Русија, затегнатоста на односите со САД и ЕУ, заострувањето на ситуацијата на Јужен Кавказ и во Авганистан побараа реакција од евроазиските држави и станаа проверка за цврстината на нивниот сојуз.

Многумина во НАТО не сфаќаат дека државите од постсоветското пространство се мошне кревки творби. Надворешните провокации можат да ја уништат политичката стабилност во овие земји, а со самото тоа и условите за стопански пораст. Ова ги спречува постсоветските земји набрзина да ја минат фазата на средна заработка и да го достигнат нивото на развиените европски земји. Благосостојбата води кон демократија, а не обратно. 

На жителите на САД и на ЕУ, кои во текот на една генерација беа сведоци на забрзана интеграција и развој, им се чини дека целиот свет живее со исто темпо како и тие. Но, на постсоветскиот простор сите овие години се одвиваа поинакви процеси – распад на општеството и обиди да се спречат конфликти предизвикани од таквата состојба. 

Русија во последнава година се обидува да ја врати својата позиција на динамично јадро на Евроазија. Во Украина овој процес доведе до судир со ширење на зоната на влијанието на Западот кон исток. 

Точно е дека САД не ја иницираа смената на власта во Киев. Но, тие решија оваа ситуација да ја искористат со цел да ги засилат своите позиции. На овој начин тие предизвикаа раскол во украинското општество и ги засилија неодговорните политички сили во него. Новата Влада во Киев сакаше да ги искористи САД и НАТО за борба против Русија, исто како што тоа го правеше Михаил Саакашвили кога во 2008 година изврши напад врз руските мировни сили во Јужна Осетија. 

Поддржувајќи ја евроатланската интеграција на Украина, Западот оваа земја ја растура на делови и им нанесува ненадоместлива штета на своите односи со Русија. Неизбежниот заклучок гласи: во интерес на сите страни е да започнат да се договараат за правилата на соработка во Европа и за тоа како ќе обезбедат стабилна иднина за Украина. 

Андреј Сушенцов е доктор на науки, вонреден професор на Московскиот државен универзитет за меѓународни односи и соработник во Воениот клуб.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња