Украина стара и нова

Карикатура: Константин Малер

Карикатура: Константин Малер

Формалната легитимност на изборите во Украина, кои не се одржани во целата земја, туку се одвиваа во опкружување кое е далеку од нормалното, може да биде оспорена. Луѓето, изморени од хаосот и од неизвесноста, се решаваат за угледен и разумен лидер, кој е во состојба да ги решава проблемите. Единствено на овој начин може да се објасни победата на милијардерот Порошенко уште во првиот круг на изборите.

Претседателските избори во Украина официјално ја покажаа новата политичка реалност во оваа голема европска земја, која веќе половина година живее во ситуација на заострена политичка криза. Досегашните резултати на „револуцијата на Евромајдан“ се парадоксални. Таа доведе до крах на некогашниот политички систем и до губење на контролата над дел од териториите. Но, не создаде нови лидери, ниту доведе до обнова на државната елита. 

Речиси сè се распадна, но преживеа вообичаената олигархиска рамка. Власта сега и официјално премина во рацете на еден од најсериозните претставници на крупниот бизнис Петро Порошенко. Останатите магнати, како што е губернаторот на Днепропетровската област милијардерот Игор Коломјски, влегуваат во групата на највлијателни играчи. На повидок е борба на финансиско-индустријалските магнати за воспоставување контрола над земјата и над економијата. Во првите борбени редови е и донбаскиот „владетел од сенка“ Ринат Ахметов, кому му претстои судир со самопрогласените „народни републики“ во Донецк и во Луганск за сопствениот имот и за статусот. 

Што е карактеристично за новонастанатата ситуација?

Формалната легитимност на изборите, кои не се одржани во целата земја, туку се одвиваа во опкружување кое е далеку од нормалното, може да биде оспорена.

Прво интервју на новиот претседател на Украина
Петро Порошенко е подготвен да ѝ го плати на Русија гасот, а вети дека „случајот Крим“ ќе го решава на суд.

Револуционерниот полет исчезна. Луѓето, изморени од хаосот и од неизвесноста, со поголема желба се решаваат за угледен и разумен лидер, кој, според претпоставките, е во состојба да ги решава проблемите. Единствено на овој начин може да се објасни победата на милијардерот Порошенко уште во првиот круг на изборите, човек кој беше потпора на истиот оној систем против кој се побуни Мајдан. 

На истокот од Украина функционира системската опозиција на украинската државна машинерија, која е невозможно да се игнорира, а тешко е да се заузди. Киевската власт ќе мора да пронајде начин да ги испочитува правата и интересите на оние сили кои денес се опишуваат како „терористи“. 

Денес Киев и Донецк се наоѓаат на раскрсница

Петро Порошенко има можност да се огради од неуспешните обиди на привремената власт за воспоставување на целосност на земјата – како од губењето на Крим, така и од претворањето на југоистокот во жариште на граѓанска војна. Тој може да ја прекине „антитерористичката операција“ и да ја промени реториката. Тогаш националистичката компонента, која беше силен аргумент на противниците на новиот режим, ќе се повлече во втор план. 

Поголемиот дел од жителите на Донецката и на Луганската област, како и на останатите региони на Украина, посакуваат воспоставување на ред и мир. Воената состојба во Донецката и во Луганската Народна Република како одговор на настаните во „соседната земја“ тешко дека ќе можат долго да го мобилизираат локалното население. Ова значи дека противниците на Киев на исток треба итно да се организираат во облик на одговорна политичка сила, способна се избори за реална децентрализација, која ќе биде законски регулирана. Источноукраинските федералисти можат да сметаат на Русија токму како претставници на проруските сили во самата Украина, а тешко како водач на некакви непризнаени формации. Москва не е подготвена врз себе да преземе материјална и морална одговорност за нивните постапки.  

На истокот од Украина функционира системската опозиција на украинската државна машинерија, која е невозможно да се игнорира, а тешко е да се заузди. Киевската власт ќе мора да пронајде начин да ги испочитува правата и интересите на оние сили кои денес се опишуваат како „терористи“. 

Во што се огледа животниот интерес на Русија? Во тоа да земе учество во изградбата на новата Украина, наместо на онаа држава која настана по распадот на СССР и која не успеа да опстане пред историските предизвици. Учеството на Украина во западните сојузи Москва го доживува како неприфатлива закана. Притоа основната ориентација на украинската политика, особено по заминувањето на Крим со милион и половина проруски избирачи, во секој случај ќе биде свртување кон Западот. Тоа е реалност што Русија не може да ја промени. Но, ако политичкиот систем на Украина, откако ќе закрепне од шокот, повторно го заземе истиот курс, неизбежно ќе дојде до нов жесток конфликт од европски размери. 

Единствен излез би претставувала институционално загарантирана неутралност и статус на Украина како меѓузона. За тоа ќе биде потребно користење надворешни и внатрешни сили. Од една страна, врз основа на досегашните хаотични настани на југоистокот неопходно е да се создаде ефикасна проруска сила, која би станала влијателен играч во украинската политика. Од друга страна, земајќи го предвид значењето на украинското прашање за европската безбедност во целина, новото децентрализирано устројство треба да биде воспоставено со учество на сите надворешни заинтересирани страни. сè дури во државното уредување на Украина не се одрази согласноста на Русија и Европската Унија, ништо нема да се постигне. Тоа го сфаќаат и политичарите од Запад кои се ориентирани кон сегашноста, па дури и „пријателите“ на Русија, како што е Збигњев Бжежински. 

Украинската политичка култура подразбира можност во секој момент да можат да се ревидираат сите договори, и единствено цврстите надворешни рамки се во можност да создадат услови за Украина повторно да не стане буре барут во односите помеѓу Русија и Западот. Сите паралели се само условни, но на Украина ѝ е потребно нешто слично на Дејтонскиот договор во Босна, кој кон крајот на 1995 година го донесоа страните на граѓанскиот судир под притисок на САД и на Европа, а со учество на Русија. Овој пат, навистина, Русија не треба само да „учествува“, туку да биде една од главните страни во договорот. 

Во украинскиот случај не е потребно воспоставување на формален протекторат, како во Босна и Херцеговина, но ќе биде неопходен механизам кој би обезбеди да се земе предвид и почитувањето на сите интереси – на надворешните и на внатрешните процеси. Денес, откако изборите беа одржани релативно успешно и Западот здивна, додека „народните републики“ сè уште имаат морално-политичка иницијатива, Москва би требало да им предложи на Европа и на Америка сериозен договор. А, Западот би постапил мошне избрзано доколку, според навиката која се воспостави по студената војна, не би прифатил компромис, туку би се обидел да игра за сè. 

Авторот е главен уредник на списанието „Русија во глобалната политика“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња