Удри по Ленин – ќе ги исплашиш Русите!

Извор: Константин Малер

Извор: Константин Малер

Во Русија дејствијата на украинската радикална опозиција, која го собори споменикот на Ленин и која на оние што сакаа им даваше симболички искршени со чекан делови од телото на водачот, предизвикаа некакво изненадување.

Оваа реакција не е поврзана со љубовта кон Ленин: количеството споменувања на Владимир Илич во руските медиуми, а исто така и во училишните и во факултетските учебници по историја од последниве 20 години имаат негативен карактер. Мнозинството Руси постепено почнаа да се согласуваат со официјалното мислење кое беше изградено во посткомунистичка Русија, според кое Ленин за време на револуцијата 1917-1921 година го прекинал природниот развој на Русија. 

Доколку Украинците во СССР биле подложни на дискриминација, тешко дека во времето на Брежњев речиси половина од Политбирото би го сочинувале претставниците на оваа нација.

Ова значи дека не станува збор за оправдување на постапките на Ленин, туку за методите со кои се справуваа украинските радикални опозиционери. Руските, а исто така и умерените Украинци, беа непријатно изненадени од самата стилистика на акцијата која, по сè судејќи, беше креирана од националистите од партијата „Слобода“. Омразата со која тие го кршеа соборениот споменик, ја покажува главната црта на украинските националисти, која ги прави слични со, на пример, полските националисти. Оваа црта претставува восприемање на настаните дури и од далечната историја како буквално вчерашни лични навреди и повод за денешна одмазда.

За радикално антируското расположение на украинските националисти гладоморот од 1933 година, кој беше предизвикан од дејствијата на едно друго веќе одамна заминато во друг свет сталинско раководство,  и тоа не само од територијата на Украина, туку и од Русија и Казахстан, небаре завршил вчера. Настаните од времето на колективизацијата се употребуваат каде што треба и каде што не треба, при што виновна за сè излегува, секако, современа Русија, која намерно извршила геноцид врз украинскиот народ(!). Украинските опозициски политичари, на пример градоначалникот на Лавов, уште малку ќе почнат да ги плашат своите сограѓани со гладомор, доколку Јанукович „не се опамети“ и не го потпише документот за асоцијација со ЕУ. 

И сево ова е само поради суверената одлука на украинската влада да ја одложи (не да ја отфрли!) спогодбата со Европската Унија. 

Омразата толку ги заслепува украинските националисти што тие забораваат дека Ленин што тие го соборија не го направил украинскиот гладомор, зашто тој умрел речиси една деценија претходно. Во Западна Украина, од каде што доаѓаат најактивните демонстранти на протестите во Киев, Ленин воопшто не управувал: како резултат на распадот на Руската империја и кратката советско-полска војна во 1921 година Западна Украина, која во текот на многу векови била во состав на Реч Посполитата и на Австро-Унгарската империја на Хабсбуршката династија, се нашла во состав на Полска, Романија и на други земји од антисоветскиот „санитарен кордон“, создаден од земјите од Антантата во Источна Европа по руската револуција од 1917 година.

Настаните од времето на колективизацијата се употребуваат каде што треба и каде што не треба, при што виновна за сè излегува, секако, современа Русија.

Западните Украинци во состав на овие млади држави со националистички влади биле подложни на етничка и на религиозна дискриминација. Полска, која денес ги поддржува идеолошките наследници на тажно познатата Организација на украинските националисти (ОУН), на чуден начин успева да ја комбинира симпатијата кон овие господа со култот кој ги следи нивните дедовци од довоениот полски диктатор Јузеф Пилсудски. Доколку го додадеме фактот дека во периодот од 1939 до 1942 година војниците на ОУН и на другите националистички украински организации активно соработувале во својата борба против полските и советските војски со хитлеровците, а во 1944 година истите извршиле вистински геноцид врз Полјаците, ситуацијата за Полска станува сосема двосмислено. 

Всушност, кога овие факти им пречеа на украинските или на полските русофоби за сите несреќи ја обвинувале само Русија?

На полувистина и на премолчување е основан и погледот кој стои зад протестите на Русија како на историска „украинофобна“ сила. Доколку Украинците во СССР биле подложни на дискриминација, тешко дека во времето на Брежњев речиси половина од Политбирото би го сочинувале претставниците на оваа нација, како и дека тие би се наоѓале на врвните позиции во вооружените сили, во милицијата, па дури и во денес толку колнетото КГБ на СССР. Тешко дека во повоениот период Украина би станала самостоен член на ООН со сите соодветни атрибути, па нека е и во состав на СССР. И тешко дека за време на целата советска историја Украина би добивала солидни територии: во 20 години од минатиот век има добиено територии со руско население во Новоросија (Источна Украина) и козашките територии на поранешните војски на Донски (Приазовје), во 1940 година ги доби мултиетничките реони Буковина и Буџак, кои беа одземени во Романија, во 1945 година Закарпатје предадено на Чехословачка и населено во основа со Русини и со Унгарци, а во 1945 година рускиот Крим. Не треба да се заборави дека била обединета и украинската нација (за првпат за илјада години!) во 1939 година како резултат на циничниот пакт Молотов-Рибентроп, кога од сталиновото раководство од Полска беа одеднаш оттргнати неколку области на современа Западна Украина, меѓу кои и Лавовската област, под предлог „повторно соединување на украинскиот народ во една држава“. 

Очигледно дека оваа ѕверска омраза кон сè што е комунистичко и поради некакви причини се асоцира со Русија, е лицемерно и деструктивно, како мошне удобен инструмент на „револуцијата“ е мошне згодна за определени кругови  на олигарси и на политичари, што ниту од далеку не претставува национал-патриотизам, кои се раководат со тоа што ги изнесуваат луѓето на уште еден Евромајдан.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.